Викендов во салоните на Телеком: Подароци за посетителите со автограм лично од Каролина
За корисниците на Македонски Телеком новогодишното празнување може да започне веќе овој викенд! Нашата поп-дива и најпознато македонски девојче во следните два дена ќе биде домаќин на посетителите во продавниците на Телеком во Скопје.
Поточно, в сабота, на 19 декември, од 12 до 14 часот Каролина за сите корисници кои дента ќе се приклучат на бесплатната услуга LOOP ќе добијат подарок потпишан од неа лично и можност да се дружат и поразговараат со неа. Следниот ден на 20 декември, од 12 до 14 часот, во Телеком продажниот салон во трговскиот центар Рамстор истите подароци со нејзиниот потпис ќе бидат достапни за сите нови корисници на LOOP услугата.
Ако се прашувате зошто токму LOOP, најнапред затоа што празници се ближат! А, тие секогаш се одлична можност семејствата да седнат заедно на маса, да се навратат на старите добри времиња и да споделат нови прекрасни заеднички моменти кои би било прекрасно да ги овековечат преку фотографија или видео, кои потоа ќе бидат достапни до секого на едноставен начин. Токму услугата LOOP ја нуди оваа можност! Со LOOP, брзо и едноставно, фотографиите и видеата ќе бидат достапни на нивните паметни телефони, на MaxTV, на компјутер и на таблет.
Потребно е само да се активира услугата LOOP на www.loop.mk, да се кликне на копчето „регистрирај се“ и сајтот ќе ве води чекор по чекор низ постапката, или пак да се преземе бесплатната апликација од Google Play и App Store. Потоа, следува споделување!