Успешно реализирани бесплатните Вип спортски школи

Успешно реализирани бесплатните Вип спортски школи

Вип успешно го заврши проектот „Да спортуваме заедно“, со кој децата од 6 до 16 години имаа можност да бидат дел од бесплатните Вип спортски школи по пливање и тенис со што корисно ги пополнија деновите од летниот распуст.

(1) Успешно реализирани бесплатните Вип спортски школи

Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа од 16-ти јуни до 16-ти јули , а можноста да бидат дел од нив ја добија 400 деца од целата земја и тоа 200 деца во школата за пливање и 200 деца во школата за тенис.

„Ова беше месец на дружење, спортување и учење за спортовите. Задоволството е уште поголемо што дечињата покажаа голем интерес и истрајност во минативе 30 дена и не се откажаа да научат нешто повеќе за пливањето и тенисот и ни ја потврдија нашата определба да продолжиме да инвестираме во спортот бидејќи веруваме дека спортот е неопходен елемент за здрав живот“, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

(2) Успешно реализирани бесплатните Вип спортски школи

Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа два пати неделно во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, а ги раководеа реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски.

Бесплатните спортски школи на Вип се проект со кој компанијата уште еднаш ја потврдува својата определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар