Учениците од меѓународното училиште НОВА раскажаа хуманитарна „Шеќерна приказна“

Учениците од меѓународното училиште НОВА раскажаа хуманитарна „Шеќерна приказна“

Традиционалната зимска претстава во која играа околу 300 ученици, беше изведена во МОБ. Во холот се продаваа и божиќни декорации, а собраните сретства ќе бидат наменети за СОС детското село.

1-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mk

Шумски птици, џуџиња, глувчиња и малечки бубачки во петокот (11 декември) танцуваа и глумеа на сцената во Македонската опера и балет на завршната зимска претстава на меѓународното училиште НОВА. Севкупната актерка екипа беше составена од околу 300 ученици од градинката и основното во оваа образовна институција, а беше поставена „Шеќерна приказна“ по текст на Славко Јаневски. Сторијата за шеќерното дете кое трага по слобода, но и по славејчето чија песна шири среќа, беше раскажана со голем број на танцови точки на познати композиции како и актерски делови.

2-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mk

По претставата се одржа и коктел на кој, покрај родителите на учениците во НОВА, присуствуваа и претставници на дипломатската заедница во Македонија меѓу кои и американскиот амбасадор, Џес Бејли. Во фоајето на МОБ беше поставен и штанд на кој се продаваа божиќни декорации направени од децата во оваа образовна институција, а севкупниот приход ќе биде искористен да се купат апарати за домаќинство за СОС детското село.

3-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mk

„Се обидуваме речиси на сите наши настани да им дадеме добротворна димензија со цел на нашите ученици да им го потенцираме значењето на помагањето на другите. Идејата е од нашето училиште да излезат личности кои ја вреднуваат хуманоста и таа да стане составен дел од нивното секојдневие и на тој начин чекор по чекор да го прават овој свет подобро место за живеење“ – накратко истакнуваат од НОВА.

4-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mk

Со оглед дека во претставата играат околу 300 ученици, во реализацијата на „Шеќерна приказна“ беа вклучени сите учители во градинката и во основното, голем број на вработени во училиштето кои помогнаа особено во делот на изработка на сценографијата и костимите. Станува збор за традиционален проект и досега ученици во НОВА ги имаат поставено и „Frozen“, „Ромео и Јулија“, „Брилијантин“ итн.

5-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар