ТРИ отвора нова кафе-книжарница во градот

ТРИ отвора нова кафе-книжарница во градот

Издавачкиот центар ТРИ, на 3 март, четврток, во 19 часот, ќе ја отвори својата нова кафе-книжарница во Скопје, на улицата Аминта Трети (Ленинова) во Дебар маало.

tri-otvora-nova-kafe-knizharnica-vo-gradot-kafepauza.mk

Овој нов центар на културната мапа на градот ќе биде свечено отворен од академик Митко Маџунков, еден од највлијателните македонски современи книжевници и ексклузивен автор на ТРИ.

Со својот нов простор ТРИ ја продолжува приказната што ја започна пред 11 години, кога ја отвори првата кафе-книжарница во срцето на градот, во Градскиот трговски центар, која стана омилено сврталиште на македонските читатели.

Во новата книжарница ќе бидат презентирани најдобрите наслови од домашната и светската литература, како и монографски изданија од областа на ликовната уметност, архитектурата и модата на светски познатиот издавач Taschen, чиј ексклузивен дистрибутер за Македонија е ТРИ. Како што најавуваат во ТРИ, тука ќе се одржуваат и промоции и средби со автори од домашната и светската сцена, разговори и креативни дружби. И сето тоа зачинето со вкусно топло кафе!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар