Третата сезона на „Црно сираче“ само на Pickbox!
Првите две сезони на фалената серија на Би-би-си „Црно Сираче” (Orphan Black) веќе можете да ги гледате на Pickbox.tv, а третата сезона доаѓа само 24 часа по премиерата во САД.
Од 19 април на Pickbox пристигнува и вистинскиот научно-фантастичен деликатес, третата сезона од серијата Црно сираче (Orphan Black). Најновите епизоди само 24 часа по премиерата пристигнуваат во рубриката Hotbox. Додека ја чекате новата сезона, нема причина веднаш да не ги изгледате првите две сезони или, ако веќе ги имате гледано, можете да го обновите четивото бидејќи клоновите доаѓаат и ги има сѐ повеќе.
Во третата сезона, Сара и нејзините сестри клонови откриваат една строго чувана тајна за воениот проект „Кастор“ во кој се создаваат машките клонови – убиствени војници со исклучителни способности.
Ајде да се клонираме
Колку пати во животот сте си помислиле: „Ех, да можам да се клонирам, па еден да оди да го работи ова што морам, а другиот тогаш ќе има време за вистински живот, за спорт, здрава исхрана и разни хобија…“ Сигурно барем еднаш. Е сега, бидејќи не сте во финансиска можност да најмите тим од научници кои би работеле на тоа целиот свој живот, веројатно од таа идеја брзо се имате откажано. И поарно, бидејќи се работи само за време кога клонот што постојано мора да оди на работа ќе промрчи нешто и за кратко време ќе имате војна на клоновите, а сите знаеме како завршува тоа.
Што може да тргне наопаку?
Да го тргнеме клонирањето поради домашни потреби настрана, тој прекрасен процес на одгледување идентични близнаци од неколку клетки може да појде наопаку на уште милион начини, а најлошиот од нив е прикажан во генијалната канадска научно-фантастична серија, „Црно сираче“, која можете да ја гледате на Pickbox.
Една актерка – 13 улоги
Нема ништо да ви расипеме ако кажеме дека главната актерка е една од 5-6 клонови (колку што открива во првата сезона). Серијата ја почнуваме со паметната крадачка Сара, која набргу дознава дека нејзините сестри се студентката по микробиологија Козима, психопатката Хелена, провинциската мајка Алисон и уште неколку други. Сите ги глуми истата млада, генијална и навистина убедлива Татјана Маслани.
Нејзината глума остава без зборови. Таа речиси сама ја обработува целата серија, а разликите помеѓу клоновите се сосема опипливи – нагласокот, карактерот и говорот на телото, дури и без шминка и костими.
Од сите нејзини промени на идентитетот на гледачите им се завртува во главата, а ако на тоа ги додадеме и ненадејните пресврти и напнатите бркотници, се прашуваме зошто уште го читате текстов наместо веќе да ја пуштите првата епизода на „Црно сираче“?
Кои се другите сирачиња?
Освен Татјана Маслани во барем 6 улоги само во првата сезона, а во другата ги има уште толку, во серијата играат и Џордан Гаварис, како нејзиниот брат Феликс, и Мет Фруер, кого постарите меѓу вас го паметат како Макс Хедрум, а тука е и Марија Дојл Кенеди како маќеа на Феликс и Сара.
Како да се пресмета количеството талент?
Мораме уште еднаш да повториме дека „Црно сираче“ е серија каква што немате можност често да гледате. Замислете филм како што е „Месечина“ во кој Сем Роквел игра (само) две улоги или Џереми Ајронс во „Проклети близнаци“. Сега тоа количество талент и професионализам помножете го со 6. Приближно толку е добра Татјана Маслани, како шест Џереми Ајронси или Сем Роквели. А таа само што почна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.