Сувата и атопична кожа бара посебна нега!
Недостатокот на влага во кожата може да се манифестира на повеќе начини, од обична рапавост, перутање, мали пукнатини на кожата, па до воспалителни промени, затегнатост на кожата и јадеж. Симптомите се разликуваат зависно од тежината на состојбата и засегнатото место. Eucerin предлага 2 групи на производи за нега на сува кожа:
EUCERIN®AtopiControl производите се наменети за деца со атопичен дерматитис и возрасни кај кои состојбата се нарекува невродерматитис. Оваа многу чувствителна и проблематична кожа во одредени делови на телото станува сува, рапава, со пукнатини, воспаление и јадеж. Причината за ваквите промени е во основа недостаток на гама-линоленската киселина, што води до послаба бариерна функција на кожата. Таа лесно губи влага и станува сува, а во обратен правец полесно пропушта алергени и микроорганизми кој ја влошуваат состојбата. Со секојдневната нега со EUCERIN®AtopiControl производите, ние всушност на кожата ѝ го додаваме тоа што ѝ недостасува сѐ додека да се стабилизира. Измивањето е со AtopiControl масло за туширање, негата на кожата по туширање со лосионот и кремот од истата линија, а егземите ги третираме со AtopiControl интензивниот смирувачки крем. Производите се клинички тестирани и безбедни и за бебиња, кај кои и најчесто се јавува атопичен дерматитис.
EUCERIN®UREA производите се втората група на производи за нега на сува кожа. Уреата како активна супстанција е природен хидратантен фактор на кожата, а зависно од концентрацијата може да ги одстранува изумрените површински клетки и да го смирува интензивниот јадеж. На располагање имаме ноќен и дневен крем за нега на сува кожа на лицето, крем за нега на сува, груба и распукана кожа на рацете, крем за нега на суви и груби стапала, гел за миење и два лосиони за тело – 5% хидратантен лосион и 10% регенеративен лосион за нега на сува кожа пратена со јадеж.
И AtopiControl и UREA производите се одлично прифатени од лекарите и пациентите заради многу поволниот ефект на кожата, компатибилноста со лековите и можноста да се користат неограничено време. До колку не сте сигурни што ви е потребно, консултирајте се со дерматовенеролог или фармацевт кој ќе ви помогне да го изберете најсоодветниот производ за нега на вашата кожа.