Суташ инвестира во „природниот вкус“ во земјата на природата
Комплетирајќи ги обновените инвестиции во погоните што ги превзема во Скопје, денес во својата фабрика Суташ организираше прес конференција на која ја промовираше својата нова јавна кампања за Македонија – „Уживајте во природниот вкус“. По тој повод, претседателот на одборот на Суташ, Муарем Јилмаз изјави: „Инвестиравме за ’природниот вкус‘ во ’земјата на природата‘.“
Г-динот Јилмаз го изрази своето задоволство бидејќи фабриката на Суташ во Скопје прерасна во „најмодерната фабрика со најголем капацитет за производство на млечни производи во Македонија“ преку инвестицијата од 13 милиони евра и рече:
„Тука сме за да ги претставиме нашите производи со природен вкус што ги произведуваме користејќи ја експертизата и најсовремената технологија на Суташ, од македонско млеко и со македонска работна сила, прво во Македонија, а потоа и во останатите земји во регионот.“
Инвестиравме за млеко со висок квалитет и извоз
Муарем Јилмаз изјави: „Го гарантираме природниот вкус благодарение на контролата на квалитетот што ја вршиме на сите нивоа од производството на млеко и млечни производи. Ќе им овозможиме на македонските потрошувачи да конзумираат најсвежи, вкусни и природни млечни производи направени од најквалитетно млеко“.
Тој додаде дека македонскиот пазар ќе доживее раст преку иновациите во индустријата што ќе ги обезбеди Суташ, како и со новите вкусови што тој ќе им ги понуди на потрошувачите. Г-динот Јилмаз рече дека ќе ја зголемат потрошувачката на млеко и млечни производи во Македонија до нивото на европските држави. Според него, зголемувањето на потрошувачката на млеко и млечни производи е најважната инвестиција во иднината на едно општество.
„Ќе работиме многу напорно за да млекото и млечните производи им станат поблиски, попривлечни и омилени на потрошувачите и за да ги информираме за важната улога што млекото ја има во рамки на здравата исхрана“, рече тој.
Г-динот Јилмаз исто така спомна дека ќе соработуваат со Министерството за земјоделство во насока на развој на производството на млеко и дека сакаат да ја споделат целата нивна експертиза и вештина со производителите на млеко.
Муарем Јилмаз изјави дека она што им дава сила за натпревар при проширувањето на Суташ во Европа се извонредната природа, богатата култура, географската позиција, напредната инфраструктура и динамичната работна сила на Македонија. Тој додаде:
„Суташ го пренесе во Македонија неговото 40-годишно знаење и експертизата стекнати во Турција и Суташ постепено ќе го зголемува својот придонес за економијата на Македонија преку зголемување на производството, бројот на вработувањата и извозот од областа на млечната индустрија.“
Јилмаз изјави дека досегашниот успех ќе води кон понатамошен успех и рече: „Нашиот успех во Македонија ќе охрабри уште повеќе инвеститори од Турција и од други земји што значи дека ќе има повеќе инвестиции во Македонија“.
За Суташ
- Групацијата Суташ е водечка компанија за млечни производи во Турција чие седиште се наоѓа во Истанбул. Таа произведува и пласирана пазарот високо квалитетни производи од следниве категории: млеко, сирење, јогурт, путер, ајран, производи наменети за активно здравје, уживање и деца. Најпознатите брендови се SÜTAŞ, Hüptrik, Minimix, Büyümix, Babymix, Yovita и Tatlımm. Нудиме широк асортиман на производи во рамките на 69 категории.
- Суташ е водечка компанија за млечни производи која оперира единствено во млечната индустрија преку нејзиниот целосно интегриран бизнис пристап „од трева до трпеза“.
- Центрите за млечни производи на Суташ во Турција претставуваат уникатен пример на овој интегриран модел. Секој центар се состои од едукативни центри за фармери, фарми-одлгедувачници, фабрики за сточна храна, погони за органска енергија и погони за млечни производи.
- Суташ има вкупен обрт од приближно 750 милиони евра (45 милијарди денари) и 4000 вработени. Своите производи ги извезува исто така и во соседните земји на Блискиот Исток, на Балканот, во Европа и САД. Денес вкупниот капацитет за собирање на млеко на Групацијата достигнува 2 милиони литри млеко на ден.
- Суташ Македонија почна со своите активности во Македонија пред 6 месеци во неговата фабрика за производство на млечни производи во Скопје. Неговите производи на пазарот може да се сретнат во 6 категории под брендот на Суташ: кисело млеко, ајран, јогурт, сузме сирење, путер и млеко. Производите се направени по највисоки стандарди за квалитет од вјисоко квалитетно свежо млеко. Во декември 2013 година Суташ почна да ги извезува своите млечни производи во Косово.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.