Супер оброк за супер почеток на денот на вашите деца

Супер оброк за супер почеток на денот на вашите деца

Една од утринските недоумици на секој родител е што да им послужи за појадок на своите деца, а да биде здраво и хранливо. За тоа време, оние ранобудните, трчкаат од соба во соба, ги фрлаат играчките на сите страни и подготвуваат нови мали пакости. За сите овие активности со кои почнуваат рано наутро потребно им е големо количество на енергија. Поради тоа за децата е многу важен квалитетниот оброк на самиот почеток на денот – еден од најважните предуслови за раст и развој на секое дете.

1-super-obrok-za-super-pochetok-na-denot-na-vashite-deca-kafepauza.mk

Појадокот обезбедува енергија за нормално функционирање на организмот, како и значителен дел на нутриенти кои е потребно да се внесат во текот на денот. Без оглед на тоа дали сакаме „традиционален појадок“ кој содржи сирење, јајца и месо или појадок кој се заснова на житарки, важно е во овој оброк да се вклучат разни продукти, посебно житарки и овошје. Житарките станаа популарни за појадок и тоа не без причина. Многу нутриционисти и научници по бројните студии им дадоа предност на житарките наспроти „традиционалниот појадок“. Според истражувањето кое 2013. година го објави Американското друштво за исхрана, децата кои конзумираат житарки за појадок имаат поголем внес на сложени јаглени хидрати, влакна и микронутриенти, како и на млеко и млечни производи, што води кон поголем внес на калциум и на пробиотици.

2-super-obrok-za-super-pochetok-na-denot-na-vashite-deca-kafepauza.mk

Како добар избор за детскиот појадок се препорачува избор на разни житарки со цело зрно, како што се Nesquik житарките. Moдерната технолошка обработка на житарките се води со најновите научни сознанија и медицински препораки. Со цел обезбедување на комплексен оброк, посебно за децата, житарките за појадок честопати се збогатуваат со витамини и минерали како што се железо, витамини од Б комплексот, фолна киселина, витамин Д, како и калциум, цинк, магнезиум и други. Бидејќи недостатокот на наведените минерали и витамини може да влијае на развојот на детето, појадокјот што содржи збогатени житарки е добар избор за дополнување на исхраната на децата и адолесцентите.

3-super-obrok-za-super-pochetok-na-denot-na-vashite-deca-kafepauza.mk

Nestlé житарките за СУПЕР појадок имаат многу богат асортиман на производи, како што се NESQUIK® COOKIE CRISP®, CHOCAPIC®, HONEY CHEERIOS®, кои се збогатени со витамин Д, калциум и железо. Тие се добар начин за придонес кон исполнувањето на дневните потреби на детето за витамини и минерали. Сите детски Nestlé житарки за појадок содржат цело зрно како главна состојка (минимум 8g по порција од 30g). Порцијата од 30g Nestlé житарки за појадок, содржи важни хранливи материи, вклучувајќи и витамин Д и задоволува 18% од дневниот внес. Тие се прават со цело зрно од житарки како главна состојка, збогатени се со калциум и имаат прекрасен вкус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар