Suiteblanco пристигнува во Македонија

Suiteblanco пристигнува во Македонија

Шпанскиот малопродажен синџир продолжува да расте во Европа и ја отвора својата прва продавница во Македонија претставувајќи ги новите, урбани и шик колекции во Скопје.

suiteblanco-pristignuva-vo-makedonija-kafepauza.mk

SUITEBLANCO, како една од најистакнатите модни куќи во Шпанија, со растечко присуство во светот, денес ја отвора својата прва продавница во Македонија. Марката продолжува со својата решителна посветеност на меѓународниот пазар, а главниот град, Скопје, го одбра како место од каде што ќе почне со своето претставување во земјата.

Во соработка со Retail Group Balkans која е дел од групацијата Alhokair, која е високоспецијализирана во секторот на малопродажбата, SUITEBLANCO ќе биде застапен како моден избор за жените во рамките на трговскиот центар „Скопје сити мол“. На површина од повеќе од 200 квадратни метри, што е одраз на свежиот и младешки дух на марката, љубителите на модата тука ќе ги пронајдат најновите трендови на гардероба и на модни додатоци.

1-suiteblanco-pristignuva-vo-makedonija-kafepauza.mk

Со ова ново продажно место, шпанската марка ги обединува својата свест и присуството во Европа и покажува голем интерес за натамошен пораст и позиционирање, како една од марките позната по урбаниот малопродажен сектор.

SUITEBLANCO во моментов има повеќе од 200 продавници и работи во 22 земји. Имајќи ги како целна група младите жени со космополитски и шик дух, SUITEBLANCO од сезона во сезона го карактеризираат понудите на гардероба, модни додатоци и на украси по многу ниска цена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар