Стопанска Банка и Техномаркет со нови поволности во чест на месецот на жената
Акцијата за купување до 36 рати без камата е посветена на месецот на жената, а на купувачите ќе им се даде можност да изберат и купат неколку IT производи и мали предмети за домаќинство. Воедно, Техномаркет наскоро започнува и e-commerce соработка со Стопанска банка АД – Скопје, овозможувајќи им на клиентите купувања преку интернет.
Од почетокот на март, продолжува да се продлабочува веќе успешната соработка меѓу Стопанска банка АД – Скопје и Техномаркет, чија што цел е да им овозможи на потрошувачите можност за купување на различни производи, на рати, без камата, а наскоро и можност производите да ги купуват преку интернет, користејќи го e-commerce сервисот на Стопанска банка.
Акцијата за купување до 36 рати без камата е посветена на месецот на жената, а на купувачите ќе им се даде можност да изберат и купат неколку IT производи и мали предмети за домаќинство. Воедно, Техномаркет наскоро започнува и e-commerce соработка со Стопанска банка АД – Скопје, овозможувајќи им на клиентите купувања преку интернет.
„За нас, задоволството на клиентите претставува приоритет во работењето и е од клучна важност. Продлабочувајќи ја успешната соработка со Техномаркет од овој месец и во делот на електронската трговија, Стопанска банка останува посветена во креирање на најдобра понуда за клиентите, овозможувајќи им од една страна купување до 36 рати без камата со кредитните картички, а од друга страна безбедни и едноставни купувања преку интернет. Во моментов, најголемиот дел од прометот во електронската трговија во нашата земја се реализира токму преку e-commerce сервисот на Стопанска банка. Во таа насока, сите правни лица заинтересирани за оваа услуга може да ја контактираат Банката на e-commerce@stb.com.mk и да се уверат во конкурентните услови кои ги овозможува Банката за користење на овој сервис “, изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи во Стопанска банка АД – Скопје.
Овој пат, новитет претставува временскиот период на траење на соработката, што ќе ја опфати тековната година, а тоа значи дека секој месец ќе се презентираат различни понуди, акции, бенефиции и поволности при плаќањето.
„Се стремиме во целост да ги следиме барањата и очекувањата на потрошувачите, правиме напори да им овозможиме поголема достапност на производите од светски реномираните брендови и во исто време им ја нудиме и онаа додадена вредност во однос на стандардната понуда. Токму на тоа се должи и повторната, а во исто време проверена соработка со Стопанска банка. На потрошувачите овој пат им нудиме голем избор на производи достапни за купување и до 36 рати, без камата. Се надеваме дека задоволството и бенефициите од ваквата соработка, ќе ги почувствуваат и нашите купувачи“ – изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.
Стопанска банка и Техномаркет за првпат остварија соработка минатата година, кога на потрошувачите им понудија купување на револуционерните модели на Philips Android ултра тенки 4К телевизори на 24 рати без камата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.