Стопанска банка АД – Скопје гради едукативен сообраќаен полигон за велосипеди, тротинети и ролерки

Стопанска банка АД – Скопје гради едукативен сообраќаен полигон за велосипеди, тротинети и ролерки

На минатогодишниот настан „Вози право, вози здраво“ Стопанска банка АД – Скопје се заложи за изградба на едукативен сообраќаен полигон за велосипеди/тротинети/ролерки, донација за Град Скопје.

stopanska-banka-ad-skopje-gradi-edukativen-soobrakjaen-poligon-za-velosipedi-trotineti-i-rolerki-kafepauza.mk

Во таа насока, Банката ја ангажираше градежната компанија Бортас доо Скопје, да го реализира проектот во Паркот Македонија, населба Козле согласно дозволата од Град Скопје за поставување на урбана опрема бр. 137216/2 од 04.04.2016. Во изградбата на овој едукативен полигон нашата заложба е да се користат еколошки материјали и да биде поставена урбана опрема (играчки, клупи, корпи за отпадоци, сообраќајни знаци и детски полигон за учење на сообраќајни правила).

Секако, во градбата нема да се преселат ниту повредат дрвјата кои се наоѓаат во паркот, туку заедно со постојната ридеста градина ќе останат дел од ова ново урбано и рекреативно катче. Пристапот до полигонот ќе биде отворен за сите и ќе може да се користи неограничено и од училишта и градинки кои сакаат да им наметнат на своите ученици сообраќајна култура уште од мали нозе.

Градежните работи, зависно од временските услови, ќе бидат реализирани заклучно со месец мај кога ќе биде организиран и настан на кој жителите на Скопје ќе можат да им помогнат на вработените на Банката во финалното уредување на полигонот – боење, хортикултурно уредување и расчистување по што заедно ќе го пуштат во употреба. Настанот ќе претставува надоврзување на минатогодишниот масовен настан „Вози право, вози здраво“ од кој и произлезе оваа донација од Стопанска банка наменет за сите граѓани на град Скопје, а пред се за најмладите.

Се надеваме дека ќе наидеме на трпение за време на градбата и наскоро ќе можеме заедно да уживаме и да учиме како да бидеме одговорни учесници во сообраќајот.

Вашите препораки и барања пишете ни ги на Facebook страницата На ваша страна.
Идејното решение за едукативниот сообраќаен полигон за велосипеди, може да го погледнете на следниот линк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар