Според граѓаните во Македонија Македонски Телеком има најдобра мрежа
-
Ова е заклучок од истражувањето на агенцијата „Брима“, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International, спроведено во декември 2015 година.
-
Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1.000 граѓани на возраст над 15 години.
Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатот е речиси идентичен за квалитетот на фиксната мрежа, односно граѓаните се изјасниле дека се најзадоволни од фиксната мрежа на Македонски Телеком.
Податоците се резултат од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во декември оваа година.
Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години. За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервјуа со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.
Изборот на мрежата на Македонски Телеком за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.
Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со фиксна мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во Дојче Телеком Групацијата, додека пак во моментот со 4G мрежа се покриени 45 отсто од територијата на Република Македонија и 70 отсто од населението. Дополнително, Македонски Телеком инвестираше во значително проширување на својата 3G мрежа со цел обезбедување на широкопојасни податочни услуги на целата територија на Република Македонија. Па така, Македонски Телеком со 3G мрежа покрива 95 отсто од територијата и 99 отсто од населението, со што компанијата е апсолутен лидер во обезбедување на мобилни широкопојасни податочни услуги.