Спектакуларен перформанс за првпат во Скопје
Трагачите по оригинална забава оваа сабота ќе имаат можност да присуствуваат на уникатен перформанс каков што досега не се одржал на Балканот, а сега премиерно ќе го организира „Урбан клуб“.
На 21 декември (сабота) во скопскиот „Експо центар“ (поранешен „Колосеум“) ќе се одржи забавата Illuminations на која што публиката ќе ужива во импресивни видеопроекции, извонредна кореографија и употреба на најсовремената визуелна технологија споени во спектакуларно шоу.
Журот што ќе се случува в сабота нема да има само спектакуларен визуелен дел туку и одлична музичка програма. За неа ќе бидат задолжени два диџеи добропознати на скопската, но и на македонската јавност – Диџеј Никифор и Гоце САФ. Овој музички избор, во комбинација со уникатниот денс-перформанс, од претстојната забава Illuminations во „Експо центар“ прават настан на којшто мора да се присуствува.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.