Совети од градинарскиот центар Фоја: Каменот како елемент во градината
Може да се користи за изградба на најразлични објекти (алпиниуми, патеки, потпорни ѕидови и сл.) или како декорација во градината.
Каменот е материјал кој може да се најде насекаде околу нас, на што ние во Македонија треба да сме особено горди. Природниот камен е уникатен продукт со посебна текстура и боја определени од илјадагодишните геолошки процеси, а не од модерните нестабилни хемиски бои, и како таков, добро испланиран во градината може да биде одлична декорација. А денес можеме на пазарот да сретнеме дури и вештачки камен (имитација на камен) кој е далеку поевтин од природниот, но сепак не може во целост да ја одигра улогата на природниот камен, поради што сè поретко се употребува.
Популарноста и употребата на природниот камен се должи на спротивностите што ги обединува во себеси – прекрасната убавина и постојаноста во времето, поради стремежот на човекот кон стабилност, затоа што природниот камен од дамнина асоцира на трајност. Секој поединечен природен камен е уникатен природен продукт со посебна текстура и боја определени од илјадагодишните геолошки процеси, а не од модерните нестабилни хемиски бои. Тој може да се употребува идентично како што ќе се најде во природата или обработен.
При употреба на природни камења во градината треба да се внимава истите да бидат целосни и неоштетени, со што во целост би ја претставиле својата убавина идентично како во природата.
При поставување на необработени камења собрани од природата, треба да се внимава кога се поставуваат секогаш да им се гледа лицето (со исклучок на речните камења кои се еднакви од сите страни), бидејќи секој камен има лице и заднина. Лицето на каменот секогаш е оној дел што во текот на еволуцијата бил изложен на надворешните атмосферски влијанија.
Каменот со своето присуство ја исполнува градината со сета енергија која зрачи од него, и затоа како елемент во градината бил актуелен и модерен низ вековите. Тој се вклопува во кој било стил при оформувањето на градината. Неговата функција може да биде превентивно- практична или конкретно естетска. Тој понекогаш го привлекува погледот како магнет, другпат неговото присуство е ненаметливо, но и покрај тоа сепак забележливо. Каменот може да се користи за подигање на камени градини во кои ја зазема доминантната, фокусна улога (пејсажни и геометриски камени градини, Зен градини). Исто така, каменот во градината може да се користи за изградба на најразлични објекти (алпиниуми, патеки, потпорни ѕидови, плоштатки и сл.) или како декорација во градината (за мулчирање, суви патеки, пресушени корита и сл.).
Посетете го Градинарскиот центар Фоја на Фејсбук.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.