Со новите Select Promo Plus на ОНЕ неограничено кон сите мрежи
Предновогодишно, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го збогатува постпејд сегментот со уште една неодолива промоција.
Од 12 декември, единствено во ОНЕ со новото постпејд портфолио Select Promo Plus, корисниците добиваат неограничени разговори кон сите национални мрежи и 3000MB 3G интернет и можност да направат избор од два тарифни модели: Select Promo Plus 499 достапен за месечна претплата од 499 денари и Select Promo Plus 399 достапен за месечна претплата од 399 денари.
Со Select Promo Plus 499 корисниците добиваат 3.000 денари попуст за купување на мобилен телефон, а Select Promo Plus 399 е достапен како понуда без мобилен телефон.
Од понудата на телефони, ОНЕ го издвојува одличниот смартфон ALCATEL One Тouch T`Pop кој со Select Promo Plus 499 е достапен за 0 денари..
Промоцијата важи за сите нови и постоечки бизнис и резидентни корисници кои во промотивниот период ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.
Новите тарифни модели на Select Promo Plus се вистински новогодишен подарок од ОНЕ за оние кои сакаат да уживаат во неограничени разговори и долго да сурфаат на супер-брз 3G интернет.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.