Слабејте со храна: Неколку корисни навики

Слабејте со храна: Неколку корисни навики

Слабеењето не значи диета со едно јаболко дневно или пак да јадете обилно, но да не пиете алкохол. Здраво слабење се постигнува исклучиво со здрава и пред сè правилна исхрана, без прескокнување оброци, со редовна физичка активност и квалитетен сон.

Слабејте со храна: Неколку корисни навики

Редовно појадувајте

Во 100 г овес има 12 г протеини, па така, овесот е одличен начин да се започне денот, бидејќи многу е корисно протеините да се внесуваат за време на појадокот.

Храна со растителни влакна

Лененото семе е богат извор на растворливи растителни влакна, затоа задолжително додајте го во вашето смути

Храната со растителни влакна, поточно со растворливи растителни влакна не само што ќе ви помогне при процесот на слабеење, туку ќе ви помогне и за задржување на витката линија. Тоа е така бидејќи растворливите растителни влакна делуваат како пребиотик што го поттикнува порастот на корисните микроорганизми во цревата.

Направете си здраво смути

Лененото семе е богат извор на растворливи растителни влакна, па затоа задолжително додајте го свежо мелено во вашето смути. Воедно, тоа е одличен сојузник при слабеење, бидејќи содржи лигнани. Додајте и малку чиа семе, бидејќи една лажица чиа семе содржи околу 70 калории, и скоро сите јаглехидрати што ги содржи се влакна. Бадемите исто така содржат многу растителни влакна па можете да додадете неколку за квалитетно смути.

Слабејте со храна: Неколку корисни навики

Јадете интегрален ориз за ручек

Интегралниот ориз ја одржува телесната тежина, заради хранливите влакна кои што даваат чувство на ситост. Исто така, заради големата количина на диетални влакна, интегралниот ориз е поделотворен од белиот ориз при варење на храната.

Здрава ужина за на плажа

Оризовите галети се идеална ужина за на плажа, бидејќи не се расипуваат и имаат малку калории. Не содржат масти, а содржат хранливи материи кои даваат чувство на ситост. Друг вид здрави грицки за на плажа се и миксот од сушено овошје и јаткасти плодови, бидејќи и ним не им е потребен фрижидер, а воедно се многу вкусни и здрави.

Главната дефиниција доколку сакате побрзо да се ослободите од вишокот килограми е да јадете помалку и да вежбате повеќе. Пронајдете ја активноста во која најмногу уживате, јадете помали оброци коишто ќе се состојат од погореопишаните видови храна, одморајте, пијте доволно вода, бидете трпеливи и упорни и резултатите ќе бидат видливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар