ŠKODA официјално возило на Мавровскиот велосипедски маратон

ŠKODA официјално возило на Мавровскиот велосипедски маратон

Во организација на велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, а поддржано од автомобилскиот бренд ŠKODA, на 12 јуни 2016 година по осми пат се одржа реномираниот „Мавровски велосипедски маратон“.

skoda-oficijalno-vozilo-na-mavrovskiot-velosipedski-maraton-kafepauza.mk

За љубителите на природата и на велосипедизмот возењето низ пределите на Маврово е вистински празник и задоволство, особено во овој период од годината.

ŠKODA е поддржувач на велосипедизмот во Македонија и интернационално, како дел од новата „GreenFuture“ стратегија, која има за цел производство на енергетски ефикасни возила и уште поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата, што индиректно придонесува и кон зачувување на животната средина. Осум години од спонзорството на Мавровскиот велосипедски маратон, повеќе од 10 години спонзорство на Тур де Франс, како и бројни други заложби ширум светот на велосипедизмот се одраз на специјалниот однос што ŠKODA го има со мобилноста на две тркала.

Долгата историја на компанијата почна во декември 1895 година, токму со производство на велосипеди. Со пионерска иницијатива за производство на велосипеди, Лаурин и Клемент несомнено ги поставија темелите за успехот на брендот Škoda.

Новиот ŠKODA Superb кој неодамна пристигна во Македонија и ја освои наградата „Автомобил на годината за 2016 година“ го придружуваше големиот маратон кој се вози на релација Маврово-Леуново-Сандакташ-Чавкарник-Лазарополе-Тресонче-Селце-Маврово, или вкупно 91 км. Победник беше Јован Рајковиќ кај мажите со време 04:25:44, додека кај жените првото место го освои Анита Величковска со време 05:49:50.

Во прекрасниот амбиент на реканскиот крај, енергетски ефикасната ŠKODA Octavia, автомобил кој ја освои наградата „Автомобил на годината за 2014“, ги придружуваше натпреварувачите на малиот маратон. ŠKODA Fabia, пак, беше придружба на рекреативниот дел кој се возеше околу Мавровското Езеро.

И понатаму велосипедизмот останува многу важен столб во спонзорската стратегија на ŠKODA со која и интернационално се поддржуваат најзначајните велосипедски манифестации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар