Што всушност претставува млеко без лактоза?
Начинот на кој повеќето од нас го поминуваат својот работен ден не ни остава многу простор да се грижиме соодветно за дневното мени. Навиките кај луѓето од пред 20 години до денес се навистина во голем размер сменети, време и грижа за себе имаме сѐ помалку, што ни дава дополнителен предизвик да се прилагодиме кон градската џунгла. Сведоци сме на многу трендови во исхраната кои некогаш оправдано, но честопати и неоправдано луѓето ги прифаќаат во својата секојдневна рутина само затоа што се популарни без притоа да имаат дополнителни информации за новиот режим на исхрана. Слушаме за безглутенски продукти, што помал внес на јаглехидрати, избегнување на шеќер и млечни производи… но, што всушност тоа значи и дали доволно добро ги познаваме и препознаваме потребите кои нашиот организмот ни ги сигнализира?!
Во овој текст ќе ги објасниме работите поврзани со луѓето кои покажуваат нетолерантност на млеко и млечни производи. Нетолерантноста кон лактоза се препознава лесно бидејќи дури и чаша млеко може да предизвика дигестивен дисбаланс со симптоми како дијареја, повраќање и абдоминална болка. За среќа продуктите кои можат да се најдат во супермаркетите денес го вклучуваат и млекото без лактоза како лесна алтернатива која може да помогне да се отстранат многу од овие непријатни симптоми.
Сепак, многу луѓе не се сигурни што точно е млеко без лактоза, како е направено и како се споредува со редовното млеко. Затоа оваа статија ги разгледува сличностите и разликите помеѓу млекото без лактоза и редовното млеко.
Што е млеко без лактоза?
Млекото без лактоза е комерцијален млечен производ кој не содржи лактоза. Лактозата е еден вид шеќер во млечните производи што може да биде тешко преработлив за некои луѓе.
Производителите на храна произведуваат млеко без лактоза со додавање на лактаза во редовното кравјо млеко. Лактазата е ензим неопходен за да се комплетира дигестијата на млекото. Во отсуство на лактoза, кај лицата кои консумираат млечни производи се јавуваат симптоми на лактозна интолеранција. Млекото без лактоза има речиси ист вкус, текстура и профил на хранливи материи како редовното млеко. Па така, може да се користи во исхраната на ист начин како редовното млеко како и за подготовка на омилените рецепти. Одличен извор е на протеини, снабдувајќи околу 8 грама во 1-чаша (240 мл) порција, а е богато и со важни микронутриенти, како што се калциум, фосфор, витамин Б12 и рибофлавин. Збогатено е и со витамин Д, кој е важен витамин за нашето здравје, а кој може да се најде само во неколку извори на храна.
Полесно се вари
Повеќето луѓе се раѓаат со способност да ја преработуваат лактозата, која е главен тип шеќер во млекото. Сепак, се проценува дека околу 75% од светската популација ја губат оваа способност што резултира со состојба позната како нетолеранција на лактоза. Оваа промена обично се јавува околу 2-12 години. Кај некои луѓе се случува оваа способност да варира, па така во зрелоста им се враќа способноста за преработка на лактозата, додека кај други со тек на време таа дополнително се намалува.
Вкус: Послатко од редовното млеко
Значајна разлика помеѓу млекото без лактоза и редовното млеко е вкусот. Лактазата, ензимот кој се додава во млекото без лактоза, ја разложува лактозата во два едноставни шеќери: гликоза и галактоза. Бидејќи нашите сензори за вкус ги сметаат овие едноставни шеќери за послаби од комплексните, конечниот производ без лактоза има посладок вкус од редовното млеко. Ова не ја менува хранливата вредност на млекото и разликата во вкусот е блага.
Сè уште е млечен производ
Иако млекото без лактоза може да биде добра алтернатива за оние кои имаат нетолеранција на лактоза, сепак ова млеко не е погодно за секого, бидејќи сè уште е млечен производ. За оние со алергија на млеко, може да предизвика алергиски реакции, што резултира со симптоми како што се дигестивен дистрес, чешање и повраќање. Покрај тоа, бидејќи се произведува од кравјо млеко, не е погодно за оние кои се ориентирани кон вегетаријанска исхрана. Конечно, оние кои решаваат да ја следат исхраната без млечни производи од лични или здравствени причини, треба да избегнуваат и редовно и млеко без лактоза.