Што велат Јана Бурческа и Ружица Антиќ за Philips генераторите на пареа?
На профилите на социјалните медиуми на две супер позитивни дами, Јана Бурческа и Ружица Антиќ, периодов забележуваме постови и објави каде тие возбудено раскажуваат за нивното искуство со пеглањето. За подобро да разбереме кој е поводот за нивното необично дружење со нашите секојдневни и вообичаени рутини, ги прашавме подетално за што точно се работи.
На прашањето, за што точно станува збор, двете речиси едногласно ни кажаа: Philips генератори на пареа.
Но, со ред. Што всушност претставуваат Philips Парните генератори во една реченица: Револуционерна технологија и линија на парни генератори кои ги воведуваат корисниците во светот на лесното пеглање.
Philips Парните генератори овозможуваат буквално да заборавиме на постојаното менување на температурата при пеглањето на алиштата, сето тоа благодарение на револуционерната технологија „Optimal Temp“ која овозможува пеглање на различни видови ткаенини и текстури без подесување на температурата.
Се работи за парни генератори кои можеме да ги оставиме врз облеката и таа никогаш нема да биде изгорена, можеме да пегламе вертикално благодарение на моќната пареа која ја имаат, можеме дури и да пегламе врз апликации без оштетување ниту на гардеробата, ниту на пеглата.
За сѐ ова да не звучи како приказна, ги прашавме овие две дами да ги споделат своите искуства и секојдневни рутини за да се увериме во револуцијата која ја воведоа Philips парните генератори.
Поубавата половина од љубовниот „all-star“ тандем Антиќ, ни призна дека до пред неколку години пеглањето го сметала за една од подосадните домашни обврски, која секогаш се трудела да ја избегнува сè до последен момент. Но, последниве неколку години со сите обврски кои ги има како мајка на три деца, супер успешна деловна жена и сопруга, почнала да сака да пегла и да го користи пеглањето како еден вид бегство и време за размислување.
Истото ни го потврди и младата, енергична и секогаш расположена Јана Бурческа, која го смета пеглањето за време за себе, медитација и „мозок пуштен на пасење“. Сподели дека обожува да пегла во одлична атмосфера со музика, кафе и секако свој солистички концерт.
Како поприлично ангажирани деловни жени, со сите деловни и семејни обврски, не одолеавме да ги прашаме како жонглираат со времето и домашните обврски, па ги прашавме колку време најчесто одвојуваат за нивната (сега омилена) рутина – пеглањето.
Јана како повеќето млади мајки, пегла буквално сѐ и тоа доста редовно – две утра неделно по два часа. Ова „буквално сѐ“ подразбира и пеглање на минијатурните чорапчиња на нејзината преслатка ќерка.
Ружица ни кажа дека има недели во кои пегла секој втор ден, но има и такви кога пегла неколку часови, вообичаено за време на викендот, нормално најчесто во недела. И таа е од оние типови на луѓе кои пеглаат речиси сѐ, а сето тоа помножено со 5, од долна облека, пешкири, постелнини, облека, па сѐ до свечени фустани и нормално, облека за човек од 211 цм.
На прашањето што најмногу им пречело во пеглањето (пред да се сретнат со Philips генераторите на пареа :)), а што со сигурност се поклопува со нервозите и кај сите од нас што пегламе, нели ,Ружица вели дека неверојатно ја иритира моментот на „загорување“ на плочата и немала пегла дома која останала со чисто тло. Колку и да внимавала, нешто ќе се залепело, никогаш не можела да најде совршена температура за најнежните материјали, па неколку омилени блузи од свила, завршиле со флеки од други материјали кои никако не се чистеле.
За Јана најголемите тешкотии и фрустрации при користењето регуларни пегли е тоа што постојано морала да биде на „штрек“ при регулација на температурата и проблемот со соодветно подесување на модулот и температурата за соодветниот материјал. Сигурни сме дека со овие проблеми сме запознаени сите и дека сите сме уништиле барем едно омилено парче облека.
Од неодамна овие супер позитивни и харизматични дами остварија партнерство со Philips за дружба и истражување на најновите модели на Philips генераторите на пареа. Возбудата по првото пеглање може да се забележи низ сите објави на нивните социјални мрежи.
Најпрво нѐ интересираше што најмногу ги импресионираше кај Philips парниот генератор.
Јана, како веќе постоечки корисник на постар модел на Philips парен генератор, смета дека едноставно производот во целост е за восхит, но кога би морала да одбере само две, би ги издвоила „Optimal Temp“ технологијата и автоматското исклучување. Пеглањето со Philips парниот генератор од домаќински аспект за неа е најдоброто нешто што ѝ се случило. Потенцираше дека РААТОТ е најголемата придобивка од производот, повеќе не се грижела за регулација на температура, ниту се туфкала кога ќе излезе дали ја исклучила пеглата, алиштата ѝ се секогаш цакум пакум средени за многу кратко време. Ни призна и дека:
„Не би го менувала дури и да се обидат да ме подмитат со нова пегла, хихи. :)“
Секако и Ружица беше восхитена од овој револуционерен Philips производ, од леснотијата на пеглата за управување, до олеснувањето околу температурните разлики потребни за различни материјали, можноста да има „паметен“ уред на своја страна, кој ќе ѝ овозможи никогаш повторно да нема изгорени или извалкани алишта. Особено олеснување забележала кога пеглала погруби материјали, како лен, некои видови комбинации со памук, џинс, со Philips парниот генератор потребен и бил премалку труд за тие парчиња облека да бидат совршено испеглани, што значително и го скратувало времето на пеглање и ѝ отворало простор за поголем одмор. Ружица верува дека за некои работи кои нудат особено висок квалитет, чии перформанси го олеснуваат секојдневието, и животот, дефинитивно треба да се инвестира. Конкретно за овој супер производ смета дека буквално вреди за секој денар, па и повеќе, бидејќи со него затворила едно цело поглавје од домаќинските работи, на најубав можен начин.
Сите овие восхити ги увериле овие дами дека пеглањето никогаш не било полесно! Дека апсолутно ништо не преставува проблем, не се заморуваат со температурата, многу лесно управуваат и најважно од сѐ e што со само неколку поминувања и без многу напор алиштата веднаш се совршено испеглани. Но, освен што пеглањето со Philips парниот генератор ги уверило дека е лесно, им покажало дека може да биде и супер забавно.
И за крај, доколку сакате да бидете во тек со нивното дружење со Philips генераторите на пареа следете ги на @ruzicaantic и @boorche.
Дознајте повеќе овде>>>
Комерцијален текст