Што е вистинската дефиниција за убавина?

Што е вистинската дефиниција за убавина?

Убавината се менувала низ времето и историјата, моделирана од различните култури и перцепции на светот. Убавината е опишана и прикажана преку слики и концепти кои се врежани засекогаш во нашите умови. Убавината е дефинирана на толку многу начини, а сепак не постои вистинската дефиниција за убавина.

Египќаните за убава жена ја сметале онаа со симетрично лице, мачкасти очи и широко развиени раменици. Грчките жени во античкиот период, биле споредувани со префинетата убавина доследна само за божиците, кои биле прикажувани и замислувани како нежни, бледокожи и долгокоси.

Ренесансна Италија ги насликувала жените со облини, кружни лица и образи, додека викторијанскиот период „ги стега“ во појасот и ја фаворизира фигурата – песочен  часовник.

Оние времиња од модата и убавината што ни се нам блиски, се дваесеттите години на минатиот век кога жените почнуваат да ги кратат косите во познатиот боб-стил, го спуштаат струкот и ги израмнуваат облините со чарлстон кројки на фустаните. Златната ера на Холивуд ја има својата муза за приказ на идеалната жена, Мерлин Монро е концепт за убавина што и денес се следи. Потоа работите се менуваат многу подинамично, па од свинг шеесеттите до ерата на супермоделите од новиот милениум, убавината ја губи својата строга дефиниција.

Денес, се повеќе жени на прашањето што е убавина, би одговориле… Убавината е среќа и претставува најизразената атрактивност на нашиот уникатен дух. Тоа се моментите што ни даваат чувствува на слобода и вистина. Тоа се моменти во кои се чувствуваме горди и посебни. Тоа се моментите во кои се чувствуваме живи. Се чини дека тој елемент е вроден и го има секоја жена. Нашите тела се едноставно школка која ни овозможува да зрачиме поради овие искуства и достигнувања. Ниту една култура или концепт, никогаш не може да ја дефинира убавината. Затоа што, секоја жена е убава на свој начин!

Неодамна, во организација на Орифлеим Македонија, се одржа несекојдневен и инспиративен настан полн со изненадувања, кога оваа шведска козметичка компанија ги доближи своите природни производи како и целата филозофија за убавината преку нивното ново заштитно лице Викторија Лоба. Со откривање на нивното ново бренд мото „Убава на свој начин“ Орифлеим на своите корисници им порача дека ги почитува сите жени заедно, со сета нивна различност, а нивните производи се тука да им помогнат да ја истакнат својата верзија на убавина на свој начин и да ја поддржат во сите нејзини облици.

Орифлеим од име на жените, порача дека не постои единствен начин да се биде убава. Убавината не познава граници. Сакаме да се чувствуваме добро во сопствената кожа и да правиме сопствени избори за убавина. Сакаме да се чувствуваме убаво, на наш начин. Во Орифлеим, ние сме експерти за создавање висококвалитетни производи за убавина. Но има само еден експерт што знае што ти треба за да се чувствуваш убаво. Тоа си ти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар