Септолете Тотал во потрага по најпознатите работи во светот кои одат во тројка

Септолете Тотал во потрага по најпознатите работи во светот кои одат во тројка

Моќното тројно дејство на Септолете Тотал и трите монументални пирамиди во Египет

Се обидовме да пронајдеме работи кои одлично функционираат во тројка исто како тројното дејство на Септолете Тотал, противвоспалително, аналгетско и антисептично, а резултатите до кои дојдовме се повеќе од интересни. Општиот заклучок е дека постојат многу примери кои креираат совршена целина кога се во тројка, но нам вниманието најмногу ни го задржа едно од седумте светски чуда, а тоа се монументалните пирамиди во Гиза, Египет изградени во чест на фараоните Кеопс, Кефрен и Микерин. Тие се големи и импресивни објекти кои служеле како монументални гробови каде биле погребани фараоните; имале улога да ги заштитат, да им овозможат удобност и изобилие дури и по нивната смрт, имајќи предвид дека верувале во задгробниот живот. Исто како што Септолете Тотал со своето тројно дејство го лекува вашето грло при настинка и грип и ви овозможува удобност и олеснување од непријатната болка во грлото.

Септолете Тотал во потрага по најпознатите работи во светот кои одат во тројка

Инспирирани од овие грандиозни зданија во продолжение споделуваме со вас не толку познати факти во врска со овие светски мистериозни чуда:

1. Трите пирамиди во Гиза биле градени 85 години, од 2589 до 2504 година пред нашата ера. Се смета дека најстарата египетска пирамида е онаа на фараонот Џосер, изградена околу 2650 година пред Христа, а се наоѓа во Сакара, најголемите гробишта на градот Мемфис. Првиот познат архитект бил Имотеп и се смета дека тој е одговорен за изградбата на првата голема пирамида на фараонот Џосер.

2. Кеопс или пирамидата Куфу е дефинитивно најголемата пирамида од трите. Нејзината оригинала висина била 146,5 метри, а денес 138,8 метри. Сѐ до изградбата на катедралата Линколн во Англија во 1311 година, Кеопсовата пирамида полни 3871 години го одржувала светскиот рекорд за најголем објект направен од човекот. Големите пирамиди во Гиза се најстари од седумте чуда на античкиот свет и единствени кои речиси во целост се сочувани.

Септолете Тотал во потрага по најпознатите работи во светот кои одат во тројка

3. Пирамидите во Гиза ги чува Големата Сфинга, најголемата монолитна статуа во светот. Се верува дека лицето на Сфингата го покажува лицето на фараонот Кефрен.

4. Сите египетските пирамиди биле изградени на западниот брег на реката Нил, затоа што тоа е местото каде што заоѓа сонцето, симболизирајќи го царството на мртвите.

5. Античките Египќани ги погребувале своите благородници во пирамидите, заедно со разни предмети од секојдневието, како што е луксузниот накит. Тие верувале дека мртвите ќе ги искористат овие предмети во задгробниот живот.

6. Се проценува дека големата пирамида во Гиза се состои од 2 милиони и 300 илјади камени блокови со тежина од 2 до 30 тони, а некои блокови тежат и над 50 тони. Пирамидите прво биле заштитени со камења изработени од високо-полиран бел варовник. Камењата ја рефлектирале светлината на Сонцето, па така имале сјаен ефект правејќи ги да блескаат како накит. Благодарение на заштитниот сјаен слој, се претпоставува дека пирамидите можеле да се видат од планините во Израел, па дури и од месечината. И покрај огромната топлина во пустината, температурата во нив е постојана – околу 20 Целзиусови степени.

Како што пирамидите ги чувале фараоните, Септолете Тотал има моќ да го чува вашето грло! Се чини дека бројот три навистина е магичен. Ајде да откриваме уште многу магични работи што одат во тројка!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар