Сауна за поубав живот!
Сауната овозможува нормализирање на крвниот притисок, ги намалува болките во мускулите и зглобовите.
Многу пациенти, луѓе со висок крвен притисок, не се свесни дека постои сосема природен начин за борба против високиот крвен притисок. Редовното, барем 2пати неделно одење во сауна на благи температури (45 – 60 степени), при влажност од околу 40%, овозможува нормализирање на крвниот притисок, дури и без употреба на медикаменти, покажува истражувањето спроведено од страна на Dr. Hans-Joachim Winterfeld од реномираната универзитетска болница Charité University во Берлин. Сауната е препорачлива дури и за луѓето со низок крвен притисок, на кои им се подобрува циркулацијата за само неколку недели.
Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, или само како место за уживање, сауната обезбедува и бројни други позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Честото користење на сауна влијае на намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен благодет од неа имаат луѓето со висок холестерол и диабетес. Сауната #spa го подобрува и квалитетот на сонот.
Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната. Во Македонија, денес речиси и не може да се замисли еден хотелски, или спортски центар без современ спа центар кој вклучува сауна, топла бања и масажа. Дури и хотел се избира според тоа каде овие дополнителни поволности се најдобри. Само со 10-минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.
Но, немаме секогаш време да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, затоа идеално решение е сауна во местото на живеење. Кога би имале услови за секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството и пријателите особено во зимските денови. Она што е ново е преносниот генератор на сол (солена соба) особено корисен за луѓе со респираторни проблеми, како астма, бронхит, но и за оние со проблеми со спиење и депресија. Што претставува замена за престој на море. Редовните инхалации го зајакнуваат имунолошкиот систем, правејќи не помалку подложни на алергии, проблеми со синуси, настинки, грип, ларингитис и др.
Редовните инхалации со Microsalt SaltProX генераторот резултира со длабинско чистење на дишните патишта како и со чистење и ревитализација на кожата.
На pirinexport.mk можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа. Ако сакате доверлива компанија која крајно професионално ќе реализира спа решение, ја препорачуваме компанијата Пирин експорт, која се наоѓа позади млечниот ресторан во Скопје. Сауната навистина прави да „се чувствувате подобро“, да „изгледате подобро“ и „да спиете подобро“. Ако можете дозволете си ја. Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него. #pirinexport