Самодовербата е како опоен парфем

Самодовербата е како опоен парфем

Самодовербата значи многу во животот. Знам, реченицава звучи како клише, но е вистинита. Квалитетот на нашиот живот, колку сме среќни и исполнети, колку сме цврсти и одлучни, зависи од тоа дали и колку веруваме во себеси. Поразителен е фактот дека многу почесто проблем со самодовербата имаат токму жените. Нападнати од сите страни со слики за тоа какви треба да бидеме, заборавивме да се сакаме такви какви што сме. А, сите ние сме повеќе од едно нешто. Сите ние сме комплексни личности кои мора да си дозволат да ги покажат своите емоции наместо да се кријат зад сликата на совршената жена.

Самодовербата е како опоен парфем

Но, се поместуваат работите во вистинската насока. Сè почесто почнува да се слави уникатноста на секоја жена и со самото тоа пополека да се става крај на нереалната трка кон совршенството, трка во која нема победник. Еден пример е компанијата Avon која веќе некое време акцентот на својата работа ја става токму кон истакнувањето на посебностите, но и кон поттикнување на секоја жена да ги следи своите соништа. Неодамна ја претставија и колекција Eve Discovery чие заштитно лице е холивудската ѕвезда Ева Мендез и која е составена од три парфеми, секој посветен и поврзан со различен аспект на личноста. Со силните пораки зад своите производи како во случајов со мирисите Confidence, Elegance and Alluring, тие постојано ја мотивираат секоја жена да биде тоа што е.

Самодовербата е како опоен парфем

Да, светот се менува и тоа на подобро. Додека во 50-тите години на минатиот век, жените најчесто беа домаќинки, денес тие се претседателки на држави, директорки на мултимилионски компании, астронаутки… Стаклениот таван е напукнат и пополека ќе почне да се рони. Зошто? Затоа што жени полни со самодоверба не се плашеле и сѐ уште не се плашат да ги поместат границите погоре и погоре.

Ирина Мицов, главен и одговорен уредник на Кафе пауза


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар