Разликата помеѓу Крем јогуртот и Обичниот јогурт
Луѓето обожаваат да пијат јогурт поради една основна причина: Јогуртот е неверојатно е здрав! Но во денешно време, со воведувањето на крем јогуртот луѓето се прашуваат кој од нив е подобар.
Повеќемина го пијат (јадат) јогуртот во форма на ужина или мини-појадок. Јогуртот сам по себе е многу разновиден производ. Може да се конзумира „директно од пакувањето“ или да се комбинира со некои јадења и салати.
Меѓутоа, крем јогуртот е поставен во центарот на вниманието бидејќи содржи повеќе протеини од обичниот јогурт. Една чаша крем јогурт содржи 2 пати повеќе протеини од обичниот јогурт.
Крем јогуртот има помалку јаглехидрати. Поради оваа причина оние кои се придржуваат кон здравиот режим на исхрана го преферираат овој тип на јогурт.
Крем јогуртот има покремаста и погуста структура. Ова подобрување во текстурата обично добива позитивни реакции од страна на потрошувачите кога јогуртот ќе достигне до нивните сетила. Ова се добива со „тројно цедење“. Што значи дека млекото откако ќе се загрее, се остава да отстои во посебни садови низ кои се филтрира сурутката од јогуртот. Во процесот на одвојување на сурутката од јогуртот е отстранет и добар дел на шеќер и калории.
Некои истражувања покажуваат дека крем јогуртот е добар за оние со висок крвен притисок и оние кои имаат срцеви заболувања, поради неговата намалено ниво на натриум. Овој тип на јогурт има два пати помалку натриум од обичниот јогурт.
На полиците во маркетите веќе постои ваков крем јогурт – Fit кој е единствен ваков јогурт на македонскиот пазар. Едно пакување Fit содржи 11,25 грама протеини и само 2% млечна маст. Од неодамна Fit ги претстави и новите два куса. Fit тиква и цимет и Fit мед, ореви и житарици.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.