Разиграно чудо: Погледнете како танцува фонтаната во градскиот парк

Разиграно чудо: Погледнете како танцува фонтаната во градскиот парк

Пред неколку дена во градскиот парк пуштена е во работа фонтаната „Лотосов цвет“, овој пат во несекојдневна, магента боја што го следи ритамот на водата.

1-razigrano-chudo-poglednete-kako-tancuva-fontanata-vo-gradskiot-park-kafepauza.mk

Вклопена во стилот на ноќта и амбиентот, предизвикува смирувачко и бајковито доживување.

Фонтаната е оплеменета со величенствени магловити светла што ги надополнуваат водените млазови и жуборот на водата, а оваа извонредна сценографија додава доза на романтика на овој сè позабрзан и поеуфоричен град.

Фонтаната „Лотосов цвет“ е еден од најзначајните урбани топоними на овој град, отсекогаш била гордост и радост на Скопјани, главен магнет за најмалите и витален додаток на градскиот парк што не го крши естетското доживување на паркот.

3-razigrano-chudo-poglednete-kako-tancuva-fontanata-vo-gradskiot-park-kafepauza.mk

Иако е изградена пред повеќе децении, водата што жубори, магловитите магента светла и тој ретро дизајн, во денешниот амбиент се чинат како најсовремено парче на архитектурата и возбудлив израз на уметничкото творештво.

Ако случајно се затекнете на ова место по 21 часот, останате покрај фонтаната да уживате во ова несекојдневно опкружување со музиката на Gorillaz, што ќе си ја овозможите преку Lenz апликација која освен до музика, ќе ви даде пристап и до нови, ексклузивни содржини за бендот што го сакате.

Со помош на бојата од фонтаната и оваа иновативна AR (Augmented Reality) апликација ќе искусите една сосема нова димензија.

2-razigrano-chudo-poglednete-kako-tancuva-fontanata-vo-gradskiot-park-kafepauza.mk

Бесплатната апликацијата што може да се превземе од Google play или од App Store ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржини за Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1.

Фонтаната во градскиот парк е и официјално најубавото место за пријатна вечер на отворено небо со пријателите, блиските, саканите… Едноставно морате да застанете и да ја погледнете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар