Публицис Македонија со бронза на Европскиот креативен фестивал Евробест 2014
На завршната церемонија на европскиот креативен фестивал Евробест 2014 кој се одржа во Хелсинки, Финска, Публицис Македонија се закити со уште една награда за проектот Alzheimer’s News Editors работена за Националниот институт за неврологија. На фестивалот агенциите се натпреваруваа со најкреативните проекти во вкупно 15 категории, а Публицис Македонија ја освои бронзата во категоријата Медиа.
„Ова е навистина успешна година за нас имајќи во предвид дека ова е четврта награда по ред во оваа година. Пред само 2 месеци нашиот труд беше награден и на интернационалниот фестивал Голден Драм, каде освоивме злато и сребро, како и сребро на престижните Euro Effie награди во Брисел за регионалната кампања за Аргета. Горда сум и благодарна но мојот тим со кој успеавме на вистински начин да ја канализираме креативната енергија создавајќи еден ваков проект кој предизвика внимание кај нашите колеги на фестивалите. Би сакала да им се заблагодарам и на нашите клиенти без чија поддршка и доверба не би ги имале овие награди. Среќни сме и ова ќе биде мотивација за нас следната година да реализираме уште повпечатливи проекти“, изјави Александра Дилевска, извршен директор на Публицис Македонија.
Евробест фестивалот е организиран од компанијата Lions Festivals, која секоја година го организира и најголемиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions. Претходните три години, фестивалот се одржуваше во Лисабон, а претходни домаќини биле и Хамбург, Амстердам и Стокхлом. Овогодишните победници може да се видат на овој линк.
***
Групацијата Публицис е прва по големина комуникациска групација во Европа, четврта во светот, а во областа на медиа-консалтинг и медиски закуп е втора на светско ниво.
Публицис Групацијата во Скопје е основана во 1996 година, истата е единствена рекламна агенција во Македонија која целосно е инкорпорирана во интернационалната комуникациска мрежа на Публицис групацијата. Ја сочинуваат три независни единици Publicis, Saatchi & Saatchi, како и медиумската агенција Zenith Optimedia, кои овозможуваат комплетни маркетинг услуги од доменот на истражување, стратегиско планирање, бренд консалтинг, развивање на креативни концепти, дизајн, продукција, односи со јавност, организација на настани, медиумско планирање и закуп. Нејзиното портфолио на клиенти го сочинуваат: T-Mobile, Македонски телеком, Стопанска банка, EVN, Мајкрософт, Аргета, Procter&Gamble, Веро, Nestle , Пакомак, и други.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.