Првиот голем настан годинава во Капан Ан: Звукот на „Metalheadz“ во Скопје

Првиот голем настан годинава во Капан Ан: Звукот на „Metalheadz“ во Скопје

На 1 февруари (сабота), во Капан Ан се одржува несекојдневен настан, кој ќе ја отвори овогодишната клабинг сезона – гостува еден од основачите на драменбејс жанрот – Agnar Agnarsson, попознат како Agzilla.

Првиот голем настан годинава во Капан Ан: Звукот на „Metalheadz“ во Скопје

Се работи за жива легенда на електронската музичка сцена – оригинален член на составот Rufige Kru (заедно со најзначајната фигура на драменбејсот Goldie) и еден од ведетите на култната лондонска дискографска куќа „Metalheadz“.

Дека навистина се работи за посебна вечер, зборува тоа што покрај Agzilla ќе настапи и еден од најзначајните електронски музичари од поновата генерација – Bjarni Kjartansson aka Muted.

Првиот голем настан годинава во Капан Ан: Звукот на „Metalheadz“ во Скопје

Практично, на скопската публика ќе ѝ биде преставено она што е моментално најквалитетно на една од најинтригантните сцени на светот – Исланд (земја која ги изнедри едни Bjork, Gus Gus, Sigur Ros…)

И да биде претставувањето на современата уметност на оваа арктичка земја комплетно, се погрижи Siggeir Hafsteinsson aka Sig Vicious, кој го дизајнираше комплетниот промотивен материјал за настанов. Станува збор за еден од најталентираните визуелни уметници на денешницата – главен дизајнер на „Metalheadz“ и омилен соработник на иконата Goldie. Најновата, оригами верзија на препознатливото лого на „Metalheadz“ е произлезена од перото на овој Исланѓанец, а оние кои најрано ќе се појават во сабота на влезот во Капан Ан, ќе добијат налепница со споменатото лого – подарок од Sig Vicious лично.

Првиот голем настан годинава во Капан Ан: Звукот на „Metalheadz“ во Скопје

Кон богатата програма на настанов се придодава и импресивна домашна поддршка – најпродуктивното македонско драменбејс дуо Anomalia Nativa и веќе докажаниот диџеј Nultabyte (Neuritmix).

Со оглед дека оваа мултимедијална екстраваганца носи назив „Polar Takеover“, за доловувањето на арктичката ледена атмосфера, ќе се погрижи магот на холограмските визуелизации Александар Атанасовски – Мутер.

Поларното патување започнува на полноќ, а влезницата чини 150 денари.

Претставувањето на исландските уметници е уште еден подвиг на Скопје Вавилон – новата форма на активизам, која веќе една година го унапредува културниот живот на нашиот главен град, угостувајќи ги најактуелните имиња на регионалната и светска клабинг сцена.

Погледнете го настанот на Фејсбук.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар