Прва самостојна изложба на графичкиот дизајнер и сликар Зоран Кардула

Прва самостојна изложба на графичкиот дизајнер и сликар Зоран Кардула

Првата самостојна изложба на Зоран Кардула, ќе понуди 15 аргументи дека се работи за култен уметник, графични дизајнер и сликар, суверен предводник на генерацијата уметници кои не се плашат да говорат на автохтон јазик, не се кријат зад својата езотерија, отпорни на умилкувањата од напредната технологија, а секогаш актуелни во времето во кое ги консумирате.

01-prva-samostojna-izlozhba-na-grafichkiot-dizajner-i-slikar-zoran-kardula-kafepauza.mk copy

На 6 ноември, петок, со почеток во 20.30 часот во арт-кафето „Концепт 37“ за прв пат пред скопската публика Зоран Кардула ќе ги прикаже своите дела интегрирани во вонредно возбудлива приказна наречена „Elegant, Beautiful, Mystical“ изработени во туш техника со дигитална обработка. Публиката стана гладна за делата на Кардула, по објавувањето на неговите редизајни на познати југословенски брендови, како и објавите на неговите дизајни на популарни странски портали како BoredPanda, по што доби огромна популарност не само кај нас, туку и во целиот регион на бивша Југославија. Кардула е победник и на постер-натпреварувањето на Латино- филмскиот фестивал 2015 година, на кој учествуваа повеќе од 70 графички дизајнери, ликовни уметници и артисти и беше дел од изложбата на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД.

01-prva-samostojna-izlozhba-na-grafichkiot-dizajner-i-slikar-zoran-kardula-kafepauza.mk

„Уживање е процесот во кој креирате одраз на сопствената тишина и моментот во кој нудите можност и останатите да погледнат во него, во надеж дека вашиот копнеж ќе стане заразен. Ме импресионираше убавината на дамите од 20 години на минатиот век, таа безвремена елеганција и софистицирана меланхолија. Оваа изложба е мојот прогон, мојот театарски монолог и мојот триумф над секојдневието. Би сакал да се заблагодарам на галеријата Анагор, Студио Кома, Дуле 99, Концепт 37 и Публицис за безрезервната поддршката во реализација на оваа изложба. Ве поканувам на добра дружба на 6 ноември, петок од 20.30 часот во „Концепт 37“ – изјави Зоран Кардула.

Изложбата ќе ја отвори Тони Васиќ – академски графичар, а ќе продолжи со музички перформанс од Христу Мулар на акустична гитара.

Зоран Кардула е дипломиран електроинженер, кој веќе петнаесет години работи како графички дизајнер, а повеќе од 25 години се занимава со сликарство. Побудата за креирање на делата за „Elegant, Beautiful, Mystical“ е копнежот по безвремена убавина, а сродноста на двете уметности, графичкиот дизајн и уметничкото цртање Кардула вешто ги комбинира во чудесна визуелна комуникација.

Дознајте повеќе за Зоран Кардула на www.behance/cardula и на www.boredpanda/author/zoran_cardula.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар