#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

  • AVON и Фондацијата за жени на AVON го објавија партнерството вредно 300.000 долари со Светската асоцијација на жени водичи и извидници (World Association of Girl Guides and Girl Scouts (WAGGGS)).
  • Партнерството ќе гради свесност и ќе едуцира за родовото насилство за да допре до милиони жени и девојчиња
  • Најавата е во духот на одбележувањето на 16 Денови активизам против родовото насилство, а козметичкиот гигант ќе охрабри милиони луѓе да прозборат и да слушнат (#SpeakOutListenUp) за знаците на родово насилство, напад и злоупотреба

#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

AVON и Фондацијата за жени на AVON го објавија партнерството со Светската асоцијација на женски водичи и извидници (World Association of Girl Guides and Girl Scouts (WAGGGS)) за борба против родовото насилство. Најавата е во знакот на 16 Денови активизам против родовото насилство, а самото партнертсво следи по истражувањето финансирано од страна на AVON Фондацијата, со кое се откри дека 38% од жртвите на насилство и злоупотреба не се сигурни каде да побараат помош, додека 60% од нив не веруваат дека ќе бидат сериозно сфатени.

AVON ќе соработува со WAGGGS за да ја осигура можноста дека поголем процент на жени и девојчиња ќе бидат способни да го препознаат родовото насилство и да ги знаат изворите од каде може да добијат помош. Како дел од партнерството, организациите ќе лансираат нова програма за обука и свесност за Претставниците на  AVON, како и за жените водичи и извидници во 3 земји: Јужна Африка, Филипини и Аргентина.  Целта на ова партнерство е да се креираат материјали за обука кои ќе може да се користат низ целиот свет, со потенцијал да допрат до повеќе од 15 милиони жени и девојчиња – обучени од AVON и WAGGGS.

Програмата е дизајнирана да го засегне молкот надвиснат над родовото насилство, охрабрувајќи ги жените и девојчињата кои се жртви на насилство и злоупотреба без страв да проговорат и да ја добијат потребната поддршка.

Претседателката на Фондацијата за жени на AVON, Ејми Грин, изјави: „AVON Фондацијата е посветена на рушење на бариерите кои ги кочат жените и девојчињата. Една од три жени е директна жртва на родово насилство ширум светот, додека семејното насилство е убиец на многу жени. Премногу често, жените и девојчињата тивко страдаат, а препознавањето на знаците на насилство и злоупотреба може да претставуваат потешкотија за пријателите и семејството. AVON сака да го отвори дијалогот за насилството врз жените и девојчињата, да помогне во едукацијата и да ги охрабри луѓето да проговорат за тоа. Заедно со WAGGGS имаме простор и можност да допреме до многумина и да направиме значителна разлика.“

Претседателката на Светската Асоцијација на жени водичи и жени-извидници, Сара Нанколас, изјави: „Насилството врз жените и девојчињата е еден од најзастапените и светски познати нарушувања на глобалните човечки права кое добива епидемиски пропорции. Во партнерство со AVON Фондацијата, ние ќе ги поддржиме младите девојки и девојчиња да станат носители на промените во сопствената околина, да почувствуваат дека имаат глас за борба и да градат свесност преку разбивање на митовите со кои е обвиткано насилството и дискриминацијата. Ние сме благодарни за поддршката од AVON и AVON Фондацијата во унапредувањето на оваа исклучително важна мисија.“

#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

Покрај партнерството со WAGGGS, AVON останува посветен да биде глобален глас кој ќе фрли светло на многуте форми на насилство, напади и злоупотреба со кои се соочуваат жените и девојчињата. Во текот на 16те дена активизам против родовото насилство, во периодот помеѓу од 25ти ноември 10ти декември, AVON ќе донира средства од продажбата на производи од специјалната линија со син знак на бесконечност, со цел поддршка на невладини организации ширум светот кои се борат против родовото насилство. Досега, за таа цел, AVON Фондацијата и компанијата AVON донирале 65 милиони долари во светски рамки.

AVON Македонија ја оствари својата прва донација во вредност од 10.000 долари во 2017та година, отпочнувајќи го партнерството со невладината организација Кризен центар „Надеж“. Средствата беа наменети за едукација, поддршка на СОС линијата и подобрување на условите на шелтер центарот.

Заложбите и посветеноста за креирање на подобар и побезбеден свет за жените и девојчињата продолжува и понатаму!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар