Прогласени победниците на блог натпреварот „Кажи Нешто“

Прогласени победниците на блог натпреварот „Кажи Нешто“

Голем музички настан во МКЦ и дискусии на тема блогирање со над 200 посетители

На 10 мај, сабота, во Младинскиот Културен Центар – Скопје, се одржа завршниот настан од блог натпреварот „Кажи нешто“ во организација на Здружението на граѓани ОХО под покровителство на Фондацијата е-Македонија, наменет за ученици од средните училишта во Република Македонија.

1-proglaseni-pobednicite-na-blog-natprevarot-kazhi-neshto-kafepauza.mk

Натпреварот „Кажи нешто“ покажа дека во Македонија постојат голем број на креативни млади кои имаат желба да се изразат на интернет просторот на различни теми, и тоа да го споделуваат со интернет заедницата. Можност на блог да го искажат своето мислење, да дебатираат, да се едуцираат, да разменуваат искуства и да ги развиваат своите потенцијали. Заклучокот на жирото е дека доколку на младите им се даде шанса, тие можат со своите размислувања да влијаат на јавното мислење, да бидат активни партиципанти во јавниот живот и да придонесуваат кон поттикнување на креативните потенцијали на сите останати. Блогот е можност за искажување на различно мислење, за слобода на изразувањето, во една поинаква форма, според инспирацијата на секој поединец.

2-proglaseni-pobednicite-na-blog-natprevarot-kazhi-neshto-kafepauza.mk

На настанот г-ѓа Радмила Јонческа, директор на Фондацијата е-Македонија ја објави одлуката на петочленото жири во состав: Антонио Николоски – Фондација е-Македонија, Дарко Булдиоски – Newmedia, Дејан Трајкоски – новинар во дневниот весник Вечер, Јасмина А. Чашуле – проектен координатор на Кажи Нешто.

3-proglaseni-pobednicite-na-blog-natprevarot-kazhi-neshto-kafepauza.mk

Прво награден е блогот AppLand од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци, на Митко Ѓорѓиевски, Ѓорѓи Белевски, Крсте Тодоров, Душко Клинчаров и Горан Митров.

Жирито одлучи дека наместо второ и трето место, ќе додели две втори места на Capturing chapters на Милка Манева и Марија Кариланова од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес и блогот Твое време на Ивана Карова од гимназијата „Гошо Викентиев” од Кочани.

4-proglaseni-pobednicite-na-blog-natprevarot-kazhi-neshto-kafepauza.mk

На настанот учествуваа преку 200 ученици и наставници од цела Македонија, кои изминативе 5 месеци активно работеа на своите блогови.

Првиот дел од настанот беше исполнет со пет дискусии на тема: Онлајн уметност, Социјални медиуми, Како да преживее вашиот бренд онлајн, Дигитална писменост, Rock n Roll, Blog n Troll.

Во вториот дел, музичката група Пеперминт ги забавуваше сите присутни на платото пред МКЦ.

Натпреварот во блогирање за сите средношколци „Кажи нешто“ почна на 24 декември и траеше до 30 април, 2014 година и имаше за цел да ги поттикне младите луѓе во Македонија да ги употребуваат новите информатички технологии на практичен начин и да се изразат креативно преку музика, видео, фотографија или пишување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар