Препораки од EUCERIN за заштита од сонце, за целото семејство

Препораки од EUCERIN за заштита од сонце, за целото семејство

Сите ние со нетрпение го чекаме летниот одмор и одењето на плажа. Спомените од летувањата со родителите и со пријателите се врежани во нашето сеќавање и мамат насмевка секогаш кога ќе се подсетиме на нив. За насмевките да останат на нашите лица, потребно е да ја заштитиме нашата кожа од интензивното сонце, бидејќи и таа памти што ѝ се случува.

0-preporaki-od-eucerin-za-zashtita-od-sonce-za-celoto-semejstvo-kafepauza.mk

Кои се основни препораките за заштита од сонце?

За сите возрасти: потребна е истовремена заштита и од УВА и од УВБ зраците. Ако оваа заштита од сонце ја засилиме и со биолошка заштита – тогаш имаме максимална фотопротекција! Биолошката заштита од сонце ја заштитува кожата и генетскиот материјал и во нејзините најдлабоки слоеви и ги зајакнува нејзините репаративни механизми. Истражувањата покажуваат дека постои врска помеѓу изложеностa на УВ-зраци и предвременото стареење на кожата, дури и до 80%.

Бебињата до 6-месечна возраст воопшто не треба да бидат изложувани на силна сончева светлина. Максимална претпазливост со дечињата до 3-годишна возраст, заштитете ги со лесна облека, капа, детски очила за сонце и доволен внес на течности. Пред излегување на сонце намачкајте доволна количина од соодветното средство за заштита од сонце и редовно повторно нанесувајте. За дечињата до 1 година се препорачува заштита од сонце со производи кои содржат само минерални филтри.

3-preporaki-od-eucerin-za-zashtita-od-sonce-za-celoto-semejstvo-kafepauza.mk

Млади и возрасни: нанесувајте доволно и редовно од средството за заштита од сонце и избегнувајте го интензивното пладневно сонце! Заштитете ја кожата од интензивното сонце со соодветна облека, капа и очила за сонце. Пијте доволно течности.

Алергиите на сонце сѐ почесто се јавуваат. Луѓето со ваков проблем треба да се придржуваат до претходно наведените совети и да користат соодветно средство за заштита од сонце кое истовремено штити од сонце и спречува појава на знаци на алергија на сонце (пецкање, печење, црвенило, јадеж на кожата).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар