Преку 50.000 луѓе направија #ПаузаЗаПреглед – направи и ти!
Живееме во динамично време, но модерната технологија денес ги поврзува луѓето на многу едноставен начин, менувајќи ги во целост нивните навики и потреби. Технологијата ни го олеснува животот, и иако растргнати во секојдневието, таа ни овозможува соодветно да се информираме и едуцираме.
Микросајот www.pauzazapregled.mk којшто беше пуштен во функција на почетокот од октомври, со цел да се подигне свесноста за борба против ракот на дојка и преку кој посетителите можат да ги научат основните чекори за самопреглед, е потврда дека модерната технологија навистина може да се користи за општо добро. Од почетокот на месецов, до денеска, преку 50.000 луѓе пристапија до сајтот и направија самопреглед на гради.
Микросајтот www.pauzazapregled.mk настана благодарение на кампањата на AVON – #ПаузаЗаПреглед, во која Македонски Телеком се приклучи како технолошки партнер. Она што двете компании го направија во месецот на борба против ракот на дојка е позитивен пример за општествена одговорност и претставува одличен начин како јавноста да се информира за една од најчестите тешки болести во светот.
Многу често, луѓето се во заблуда кои се причините и зошто рапидно се зголемува бројката на заболени од рак на дојка, а митовите за оваа болест даваат погрешна слика и најчесто прават дополнителна штета. Затоа, исклучително важно е да се подигне свеста и да се дознаат вистинските факти за оваа тешка болест од која дневно во Македонија заболуваат по три нови жени.
Месецот октомври е посветен на борбата против ракот на дојка, но тоа не значи дека самопрегледите, лекарските прегледи и грижата за здравјето треба да престанат тука. Микросајтот www.pauzazapregled.mk сѐ уште е во употреба, ќе продолжи да функционира и по октомври, а до него можете да пристапите само преку мобилен телефон. Искористете ја технологијата за добро и заштитете го вашето здравје.
Приклучете се на кампањата #ПаузаЗаПреглед и најдете време за самопреглед преку три лесни чекори. Време е да одвоите време за најважната личност во вашиот живот – време е да одвоите време за вас!