Предновогодишно чоколадно уживање на „Чоколенд“ во Веро центар
Чоколади, чоколадирани производи и други слатки задоволства по промотивни цени, ќе им бидат достапни на потрошувачите на Веро кои во следните денови ќе ја посетат манифестацијата „Чоколенд“.
Традиционалната манифестација, којашто Веро ја организира повеќе години наназад, годинава ќе се одржува од 22 до 30 декември. Во рамките на „Чоколенд“ ќе бидат изложени најпознатите брендови на чоколади и слатки на најреномираните производители од земјава и од странство кои ќе може да се купат по промотивни цени. Ќе се организираат и промоции на нови вкусови, како и на нови, квалитетни производи. Посетителите на манифестацијата ќе уживаат во вкусовите на брендовите „сникерс“, „марс“, „милки веј“, „баунти“, „свислион“, „киндер“, „кандит“, „бахлсен“, „кавис“, на слатките производи на „Пастел“ и на многу други производители.
„Досегашното искуство ни покажа дека во Македонија има многу љубители на чоколадото кои со задоволство купуваат чоколадни производи и уживаат во нивниот вкус. Тука не спаѓаат само децата, туку и возрасните. Токму поради бројните љубители на чоколадото, ‘Чоколенд’ стана традиционална манифестација на којашто се радуваат граѓаните, но и сите ние во компанијата, особено затоа што се организира во најубавиот претпразничен период. Навистина е големо задоволство кога на едно место можете да ги најдете најреномираните брендови чоколади и да ги купите по промотивни цени“ – велат од менаџментот на Веро.
За сите посетители на „Чоколенд“ и фановите на фејсбук-страницата Веро организира слатко задоволство. Секој посетител на манифестацијата што ќе купи од изложените производи ќе извлече една од напишаните чоколадни пораки и да се фотографира со неа во поза која што според него е најинтересна. Фотографијата со чоколадната порака треба да ја постира на фејсбук-страницата на Веро маркети со хаштаг #verochocoland. Стручно жири од претставници на компанијата ќе ја избере „најслатката“ фотографија, а нејзиниот автор ќе добие кутија полна со чоколади.
„Предновогодишниот период е време на дарување и на споделување позитивни пораки. Затоа и дарувањето на вистинските љубители на чоколадо е можност тие да уживаат во нивните омилени слатки вкусови“ – велат од менаџментот на Веро.
За најмладите посетители на „Чоколенд“, освен уживањето во најквалитетните чоколадни вкусови, ќе биде обезбедена и дополнителна забава. На чоколадното игралиште децата ќе може да се натпреваруваат во популарната игра „школка“. Сите настани на Чоколенд ќе бидат дел од богатата предновогодишна атмосфера во Веро центар и многубројните празнични случувања наменети за посетителите.