Правилна исхрана на почетокот на пролетта
21 март е прв ден од пролетта. Зимата ја оставивме зад себе, со тоа и студеното време, малата улежаност, неактивноста и пообилната исхрана. Со доаѓањето на пролетта, кај сите нас се буди нова надеж, нова енергија и очекувања. Токму затоа, зошто да не започнеме со нови навики, поддржани од врвните производи на линијата Wellness на Орифлеим.
1. Започни го секој оброк со салата во боја
По консумирање овошје и зеленчук, ќе јадеш помалку калорична храна. Исто така ова ќе му овозможи на твоето тело многу антиоксиданси, витамини и минерали. Ако е можно, потруди се да одбереш органско овошје и зеленчук.
2. Користи додаток во исхраната
Секојдневното консумирање додаток во исхраната што содржи витамини, минерали, антиоксиданси и омега 3 масни киселини, ќе ти овозможи да ги добиеш хранливите состојки што се потребни за нормално функционирање на срцето, видот, метаболизмот и имунитетот. Наш совет: пробај го Wellness Пакувањето на Орифлеим – висококвалитетни додатоци во исхраната со повеќе од 20 витамини, омега 3 киселини и астаксантин, идеална комбинација специјално наменета за машките и женските потреби.
3. Ограничи го консумирањето алкохол
Алкохолот може да предизвика проблеми со спиењето, може да го зголеми твојот апетит и е исто така калоричен и штетен за твоето тело. Затоа, ограничи го консумирањето и овозможи си поздрави празници.
4. Користи педометар и прави 10.000 чекори во денот
Лесните вежби, како што е чекорењето, ги топат масните наслаги, ја регулираат тежината, го зајакнуваат твоето тело и ти даваат повеќе енергија. Исто така тоа е одличен начин да стекнеш нови пријателства.
5. Легни си порано
Недостигот од сон може да влијае штетно на телото, на пример да предизвика проблеми со имуниот систем. Затоа, легни си порано!