Повикувањето такси е полесно од кога било!

Повикувањето такси е полесно од кога било!

Новата мобилна апликација „Моето Такси“ овозможува брзо и едноставно повикување на такси возило на која било дестинација во Скопје.

Со само неколку кликови, патникот има можност да повика возило, да го следи сè додека не пристигне до бараната дестинација и да биде во константна комуникација со возачот.

„Моето Такси“ моментално е во употреба во најголемите такси компании во Македонија – Наше Такси, Лотус и Сонце, а во план е понатамошно ширење на соработките и со други такси компании. Апликацијата во моментов е прилагодена само за Android уреди, но наскоро следува iOS верзија.

1-povikuvanjeto-taksi-e-polesno-od-koga-bilo-kafepauza.mk

изглед на апликацијата

Tимот зад „Моето Такси“ за апликацијата вели: „Нашата цел е да направиме практична алатка која ќе ви користи во вашето секојдневие, без разлика дали имате потреба од јавен превоз додека одите на работа, на училиште/факултет или едноставно одите да поминете време со пријателите. Создадовме алатка која ќе го поедностави начинот на брзо наоѓање такси превоз во секој период во денот, при што ќе ги доближиме и олесниме контактите меѓу вас како клиенти и такси превозниците.“

Сè што треба да направите за да ја преземете „Моето Такси“ на вашиот телефон е да го скенирате овој QR код:
2-povikuvanjeto-taksi-e-polesno-od-koga-bilo-kafepauza.mk
или да го посетите Google Store на следниот линк. Следете ги сите новости врзани за „Моето Такси“ на официјалната Facebook страница: https://www.facebook.com/MoetoTaksi.

Пријатно возење 🙂


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар