Потпишан Договорот за спојување помеѓу ОНЕ и ВИП Скопје
ОНЕ ДООЕЛ Скопје, членка на Телеком Словеније Групацијата потпиша Договор за спојување со ВИП оператор ДООЕЛ Скопје
Согласно правилата на Љубљанската берза на акции и важечката легислатива, Телеком Словеније АД го објавува следното:
Денеска беше потпишан Договор за спојување на ОНЕ ДООЕЛ Скопје, членка на Телеком Словеније Групацијата и ВИП оператор ДООЕЛ Скопје, членка на Телеком Австрија Групацијата од страна на Генералните директори на двете компании.
Затворањето на Договорот за спојување е во линија со акционерите и основачкиот договор потпишан на 22 октомври 2014.
Целокупната трансакција ќе биде завршена по добивање на дозвола за спојување од македонските власти. Активностите на македонскиот пазар се во согласност со бизнис планот на Телеком Словеније групацијата за 2014 година и Стратешкиот бизнис план за 2014 – 2018 година.
Оваа објава ќе биде достапна на веб-страната на компанијата за период од најмалку пет години.
Телеком Словеније АД ги извести македонските власти за заштита на конкуренција за намерата за спојување на ОНЕ и ВИП
Денеска Телеком Словеније АД заедно со Телеком Австрија Групацијата поднесоа известување за пазарниот удел до македонската Комисија за заштита на конкуренција во врска со намерата за спојување на своите македонски подружници, ВИП оператор со компанијата ОНЕ, во сопственост на Телеком Словеније Групацијата.
Оваа објава ќе биде достапна на веб-страната на компанијата за период од најмалку пет години.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.