Подаруваме лосион Еуцерин pH5 за чувствителна и сува кожа

Подаруваме лосион Еуцерин pH5 за чувствителна и сува кожа

Она што дневниот начин на живот го одзема од вашата кожа, медицинската козметика Eucerin го обновува. Ова се производи кои ви нудат еден поинаков пристап и нега кои се базираат врз медицински истражувања. Во соработка со водечки дерматолози, е создадена Еуцерин – медицинската козметика чија крајна цел е прецизно одбирање на активни состојки, кои докажано обезбедуваат ефективна заштита и нега дури и за најчувствителната и проблематична кожа со што се постигнува здрав надворешен изглед.

1-podaruvame-losion-eucerin-ph5-za-chuvstvitelna-i-suva-kozha-kafepauza.mk

Бројот на луѓето со чувствителна кожа од година во година сѐ повеќе се зголемува, а со тоа и потребите за изнаоѓање на соодветни решенија кои ефективно ќе го решат ваквиот проблем кој навистина може да влијае негативно врз секојдневниот живот. Дури 50% од населението во светот тврди дека поседува чувствителна кожа која е многу посензитивна на влијанијата предизвикани од внатрешни и надворешни фактори како што се: генетските или психосоматските причини, различни болести, возраста, климатски карактеристики, хемикалии или други влијанија.

Бидејќи ваквиот тип кожа е подложна на различни кожни заболувања, истражувачите од Баерсдорф како резултат на долгогодишните испитувања на причините и симптомите, го создадоа Еуцерин – совршени производи наменети специјално за потребите на чувствителната кожа.

2-podaruvame-losion-eucerin-ph5-za-chuvstvitelna-i-suva-kozha-kafepauza.mkЛосионот за тело Еуцерин pH5 е наменет за оние на кои им е потребно ова специјално внимание и грижа, со цел да се подобри структурата и квалитетот на лесно раздразливата кожа.

При нормални услови, надворешниот слој на кожата содржи 15% вода кои имаат значајна заштитна функција. Во случај ова оптимално ниво да се намали до 10% хидробалансот се нарушува, а кожата брзо се суши, ја губи еластичноста и е подложна на предвремено стареење и создавање на брчки.

Благодарение на специјалната хидро-формула, овој лосион го зголемува нивото на влажност во клетките, додека витаминот Е и пантенолот го поттикнуваат процесот на регенерација, со што можете да обезбедите 24-часовна заштита и потхранување на кожата.

Освежете го вашиот изглед и чувствувајте се комотно во вашата кожа со производите на Еуцерин.

Опишете како делува лосионот за тело Еуцерин pH5 во делот за Фејсбук-коментари. Со тоа имате шанса да ја добиете кремата на подарок. Добитникот ќе го прогласиме на 27.05.2014, вторник. Прочитајте повеќе за колекцијата на официјалната Фејсбук-страница на Еуцерин Македонија.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Кожата добива нежно и пријатно чувство на опуштеност. Ја зачува природната одбрана на кожата, ги штитат ензимите и ја зајакнуваат киселинската заштитна обвивка на кожата, овозможувајќи долготрајна заштита од сушење.

  2. Katerina J. Reply

    Oвој лосион го зголемува нивото на влажност во клетките, додека витаминот Е и пантенолот го поттикнуваат процесот на регенерација, со што можете да обезбедите 24-часовна заштита и потхранување на кожата.

  3. РУЖИЦА ПОПОВИЌ Reply

    СОВРШЕН ПОДАРОК!! 🙂
    Лосионот за тело Еуцерин pH5 е наменет за оние на кои им е потребно ова специјално внимание и грижа, со цел да се подобри структурата и квалитетот на лесно раздразливата кожа.

    При нормални услови, надворешниот слој на кожата содржи 15% вода кои имаат значајна заштитна функција. Во случај ова оптимално ниво да се намали до 10% хидробалансот се нарушува, а кожата брзо се суши, ја губи еластичноста и е подложна на предвремено стареење и создавање на брчки.

    Благодарение на специјалната хидро-формула, овој лосион го зголемува нивото на влажност во клетките, додека витаминот Е и пантенолот го поттикнуваат процесот на регенерација, со што можете да обезбедите 24-часовна заштита и потхранување на кожата.

Остави коментар