Пиранска природна нерафинирана морска сол

Пиранска природна нерафинирана морска сол

Пиранската природна нерафинирана морска сол воодушевува со својата оригиналност, природност, пријатен вкус и предизвик постојано да е присутна во секој дом. Оваа сол е со екстремно висок квалитет, бидејќи е произведена на природен начин од сонцето, морето и ветерот и собирана со љубов со човечка рака, со алатки од природни материјали, во процеси и со процедури применувани со векови.

1-piranska-prirodna-nerafinirana-morska-sol-kafepauza.mk

Пиранските солени базени се меѓу ретките солени базени во светот каде што солта се произведува преку природни процеси, вклучувајќи целосно природна кристализација со испарување на морската вода, при што, во нејзиниот состав остануваат сите минерали сочувани во солните кристали.

Пиранскатa нерафинирана морска сол е подарок од морето наменета особено за подобрување на вкусот на храната. Пиранските солани се едни од ретките во светот каде што солта се собира рачно, на традиционален начин со дрвени лопати, исклучувајќи секаква примена на машини и индустриска обработка, што во голема мерка придонесува за нејзиниот природен и пријатен вкус и ненарушена природна структура.

2-piranska-prirodna-nerafinirana-morska-sol-kafepauza.mk

За разлика од рафинираната кујнска сол која е чист натриум хлорид, чии молекули силно ја привлекуваат водата од телесните станици во организмот притоа предизвикувајќи дехидрација и забавување на виталните телесни функции, а во процесот на хемиска преработка, (рафинирање), солта ги губи сите вредни минерали со што се уништува изворната структура на солта, Пиранската морска нерафинирана сол содржи преку 80 минерали и други елементи во траги кои се важни за здравјето на организмот. Сите минерали доаѓаат во природна форма, бидејќи при испарувањето на морската вода, на дното на Пиранските солни базени не останува само солта (натриум хлоридот), туку и сите други природни цврсти материи кои биле растворени во морската вода. Покрај 80–те различни минерали, елементи во траги, карбонати и сулфати, во солта се присутни калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициумска киселина. Станува збор за најквалитетен вид сол, со огромна нутритивна вредност.

Пиранската морска нерафинирана сол, како изворна морска сол без адитиви, особено е неопходна за здрава дигестија, за регулација на течностите во организмот, за квалитетно функционирање на нервниот систем, важен фактор e за здрав сон, за превенција од грчеви предизвикани од воспалување на мускулните ткива, за правилно апсорбирање на калциумот во организмот.

Дознајте повеќе за Пиранска сол: https://www.facebook.com/PiranskaSol.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар