Патувањата се храна за душата

Патувањата се храна за душата

Верувам дека секој од нас сака да патува и го практикувал истото повеќе пати во животот. Секој од нас има омилени места кои сака да ги посетува и често им се навраќа. Патуваме првично за да се изгубиме во убавините кои нè опкружуваат, да запознаеме различни култури, со тоа ги отвораме нашите срца и очи. Патуваме во делови од светот во кои богатствата и луѓето се различни од нашето општество. Убавината на целиот овој процес е што не треба многу за да се одлучиме на ваков потег. Луксузот кој го нуди овој вид уживање е незаменлив, со овој чекор ние на некој начин ги оставаме зад нас сите проблеми и грижи, имаме чувство на сигурност, ги гледаме работите со поинаква светлина и од поинаков агол. Доволни се неколку часа за да стигнеме до прекрасни места. Сепак, една од убавините на патувањата е тоа што ни овозможува со други очи да го гледаме народот кој го запознаваме на местото што сме одлучиле да го посетиме.

1-patuvanjata-se-hrana-za-dushata-kafepauza.mk

Секако дека може да се пофалиме и со убавините кои ги има во изобилство и во нашата земја, треба да ги посетиме и да бидеме свесни за околината во која живееме.

Секој од нас сака да го искористи овој период и благодетите кој ги нуди тој. Да помине незаборавен викенд или подолг период на планина и да ужива во белината која го опкружува. За да го искусиме ова не мора да трошиме многу и да патуваме долго. Од оваа убавина нè делат неколку часови пат, а еден од нашите соседи го има најубавиот ски-центар во кој може целосно да се опуштиме. Верувам дека секој од нас слушнал за Банско.

2-patuvanjata-se-hrana-za-dushata-kafepauza.mk

На ова место ќе сретнеме различни култури кои се оставени од Римјаните, Византијците и Словените, многубројни остатоци од антички тврдини, средновековни споменици, се само сведок и дел од традицијата и културата која ја поседува ова место. Архитектурата која ќе ја сретнеме ќе нè врати назад во историјата, големите тврдини, камени куќи со високи ѕидови и тешки порти се само дел од оваа убавина.

Најимпресивна и неизбежна е планината Пирин. Каде и да се завртиме имаме чувство како масивите на оваа планина да нè прегрнуваат. Во непосредна близина се наоѓаат и едни од најпознатите и најразвијни скијачки центри во Европа и на Балканот.

3-patuvanjata-se-hrana-za-dushata-kafepauza.mk

Највисоката точка на овие ски-центри е 2.560 метри. Глетката која можеме да ја видиме од ова место не се опишува со зборови. Љубителите на ски-спортовите, тука може да ги најдат и прекрасните ски-патеки, кои се простираат на 65 километри. Доста интересно за Банско е што ова место е обезбедено со снег од ноември па сè до месец мај. Географската поставеност на градот обезбедува снежната покривка да се задржи подолг период и во самиот град, што му дава посебна убавина.

Доколку не сме љубители на снегот, можеме да уживаме во него додека седиме во некоја од многуте бањи или во некој од луксузно опремените спортски и спа-центри. Ова место нуди многу избор на такви места, во кои може да најдеме и да посетиме базени со топла вода, џакузи, парни бањи. Места на кои можеме да ги опуштиме телото и душата. Доколку влеземе на овие места ќе ни требаат повеќе часови за да излеземе.

5-patuvanjata-se-hrana-za-dushata-kafepauza.mk

Никако не смееме да ги изоставиме масажите, со природните арома масла и многу други терапии со кои ќе го опуштиме телото и ќе ја одмориме душата. Ова место е идеално за посета во кое било време од годината.

Да ги спомнеме и луксузните хотели, ресторани и барови кои, благодарение на нивната местоположба и погледот кој го нудат, ќе сакаме да се навраќаме и да ги посетуваме често.

4-patuvanjata-se-hrana-za-dushata-kafepauza.mk

Нè делат само неколку чекори од Банско и неговите убавини. Може да се одлучиме да се организираме сами за да стигнеме до таму или да се препуштиме на пакетите кои ги нудат многу туристички агенции. Интересно е што многу примамливи понуди за оваа дестинација може да најдеме и на сајтот kupinapopust.mk. Благодарение на модерната технологија оваа дестинација може да ни стане наредно патување за само неколку минути. На нас останува да ја посетиме и да уживаме во неа.

6-patuvanjata-se-hrana-za-dushata-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!
  1. Darko Reply

    Одличен пост, проверете ги останатите патувања на kupinapopust.mk .

Остави коментар