Парфимериите „Anabella Beauty Spot“ со изненадување за сите матуранти
Хрватскиот бренд на парфимерии Anabella Beauty Spot по повод проширувањето на ланецот на продажни салони во Македонија, најавува пролетна кампања наменета за сите матуранти.
Имено во периодот од 20.04 до 25.05 сите матурантки кои ќе направат сметка над 2.000 денари во продажните салони на Anabella Beauty Spot ќе имаат можност како матурски подарок да добијат професионално шминкање на денот на нивната матура. Во истиот период за сите матуранти следуваат големи попусти, ваучери од 1500, 2000 и 2500 денари и многу други подароци и изненадувања. Претставниците на Anabella Beauty Spot ги повикуваат матурантките да ја искористат можноста и да се препуштат во рацете на професионалните шминкери на Anabella за да блеснат на својата матура.
Изборот на парфеми и козметички производи за нега и разубавување од светски познатите брендови и ентериерот на продажните салони го прават овој бренд различен и примамлив за сите оние кои се грижат за својата убавина.
Парфимериите Anabella Beauty Spot се наоѓаат на 5 локации во Македонија, Скопје City Mall, ГТЦ, Охрид, Битола и Штип.