Парфемите на AVON најбарани на македонскиот пазар

Парфемите на AVON најбарани на македонскиот пазар

Македонците сакаат да мирисаат убаво и затоа редовно издвојуваат финансии за да си го купат омилениот парфем, кој, според продажните статистики, веќе неколку години наназад, произлегува токму од палетата на парфеми која се нуди во брошурите на Avon. Сепак, ова не е специфика само на домашниот пазар туку козметичкиот гигант спроведе големо светско истражување со цел да увиди како потрошувачите ги оценуваат нивните парфеми во споредба со оние од други компании.

0-parfemite-na-avon-najbarani-na-makedonskiot-pazar-kafepauza.mk

Во истражувањето биле вклучени 4800 учесници од 14 градови во 4 различни држави и биле користени 8 мириси на AVON наспроти 8 парфеми од други луксузни брендови. Без да знаат кој е кој, тие имале за задача да го одберат парфемот што повеќе им се допаѓа, а производите на AVON биле апсолутен победник. Учесниците воедно забележале дека купувајќи ги тие мириси добиваат најдобар квалитет за најповолна цена, а победници на големиот тест на мириси се женските парфеми Little Black Dress, Incandessence, Perceive, но и машкиот мирис Full Speed кои се нудат во актуелните брошури на Avon и кај нас.

PFFGD_012_SP_1186563DEC1614

Следејќи ги потребите и желбите на потрошувачите, AVON неодамна објави дека почнува да соработува со светски реномираниот дизајнер Кензо Такада, кој застана со свој потпис и личен дизајн зад новата линија на мириси кои есенва ќе пристигнат и во Македонија. Со тоа, бројот на престижни имиња од светот на модата и козметиката кои соработувале со AVON, постојано се збогатува.

2-parfemite-na-avon-najbarani-na-makedonskiot-pazar-kafepauza.mk

Експертите во компанијата посочуваат дека убавиот мирис треба да се знае и како да се носи. Токму затоа, тие се континуирано посветени на постојана грижа и давање совети на своите купувачи. Една од главните препораки е дека парфемите треба да се користат со мерка и никогаш да не се претерува. Од AVON истакнуваат и дека мирисот треба да одговара на приликата така што за вечерните излегувања најдобар избор кој зрачи со безвременски, универзален гламур е бестселерот Little Black Dress, додека за дамите кои сакаат да ги заведат останатите со нивниот шарм, го издвојуваат парфемот Avon Femme.

PFFGD_004_SP_1186498SEP2314

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сè – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот.

Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncosmetics.com.mk.

Повеќе информации на Јутјуб.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар