Отворена забава за испраќање на летото: „End of summer party“
Овој петок во паркот „Аеродром“ за прв пат ќе се случи „End of summer party“, настан со кој ќе се одбележи официјалниот крај на летниот период. Со паролата „Да го испратиме последното зајдисонце од ова лето и да ја пречекаме првата месечина од есента“, младите ентузијасти Ве покануваат на open air журка во паркот со авионот во склоп на терасата на кафе барот „Мамбо“.
Уживајте во disco house, funk house, jazz house и tech, внимателно селектирани од Dj Tanimed и Dj Andrej Micajkov, скопските „забавувачи“ кои буквално се најбукираните диџеи во градов и се дежурните виновници за клубските забави.
Организаторите најавуваат ексклузивни дампинг цени на пијалаците, одлична аудио и техника за осветлување и други изненадувања за време на оваа ултимативна 6-часовна забава!