Осмомартовска мисија - Најголемата авантура во потрага по подарок

Осмомартовска мисија – Најголемата авантура во потрага по подарок

Ви се чини дека спикерот преку разглас ви се обраќа токму вам? Не, не грешите, токму вие сте избрани да освоите вредносен ваучер во Осмомартовска мисија во Скопје Сити Мол!

osmomartovska-misija-najgolemata-avantura-vo-potraga-po-podarok-kafepauza.mk

Погледнете го урнебесното видео во кое девојката што релаксирано разгледува во една од продавниците е повикана на Мисија да ги совлада препреките и да стигне до својот подарок. Но, прво треба да знае во кој правец да оди, да го најде најкраткиот пат до таму и да ги заобиколи сите препреки.

А погледнете дали семејството кое се бори за вредносен ваучер за кино-проекција ќе дојде до својот подарок и ќе успее во Мисијата. ☺

Дојдете во Скопје Сити Мол до 8 март и можеби токму вие ќе бидете еден од избраните за најголемата авантура во потрага по свој или подарок за својата сакана.

Освен оваа забавна Мисија, Сити Мол за посетителите овозможи активности со кои ќе ги забавува, изненади и орасположи дамите, цел куп забавни игри и награди во кои од 5 до 8 март можат да добијат совет за уникатен и несекојдневен подарок во СОС корнерот или да креираат сами своја инстант-честитка во фото-корнерот, а доколку пазаруваат со својата мајка или баба, сите три генерации жени ќе добијат 30% попуст и други вредни подароци со специјалната програма за 3 генерации дами!

Оние што бараат инспирација за нова фризура и шминка, ќе бидат пречекани во Beauty-корнерот, а таму своите вештини ќе ги демонстрираат над 70 фризерски студија, стилисти и артисти.

Подароците не се нешто што го наоѓате, овој 8 Март во Скопје Сити Мол подароците ве наоѓаат вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар