Олгица Ѓоргиева ја најавува својата следна колекција: „Complete your puzzle“

Олгица Ѓоргиева ја најавува својата следна колекција: „Complete your puzzle“

Женствена, елегантна и минималистичка, безвременска и инспиративна, силна и нежна истовремено, – така накратко симболично се опишува новата колекција со тема „Complete your puzzle“ на една од најпрепознатливите модни креаторки од македонската модна сцена – Олгица Ѓоргиева.

olgica-gjorgieva-ja-najavuva-svojata-sledna-kolekcija-complete-your-puzzle-kafepauza.mk

Новата колекција ќе се прикаже на претстојната модна недела во Скопје на 25 Октомври, во 21ч во салонот на Порше Македонија. Оваа колекција на Олгица е поддржана од Oxette. Колекцијата е наменета за девојки-жени со смисла за естетика, елеганција и модерна нота. Колекцијата ќе биде составена од секојдневни парчиња, но и елегантни свечени фустани кои ќе прават целина и ќе ја комплетираат сложувалката.

Интересно е да се напомене дека за оваа колекција, Олгица ја креираше во Париз, за време на модната недела на која ја посети и имаше можност за присуствува на ревии од светски познати креатори, да посети работилници да се запознае со дел од посетителите и излагачите лично.

„Париската модна недела мора да се доживее, не може да се раскаже. Оваа посета претставува огромно искуство за мојата работа. Ревиите од светски карактер се одлична можност за компарација и прибирање идеи кои ќе бидат одлично освежување и инспирација кое се надевам ќе го пренесам до мојата публика преку новата колекција“ – со воодушевување објаснува Олгица за искуството на модната недела во Париз.

Креаторката Олгица ја посети ревијата на Кензо и дел од случувањата на Галијано, како и модни спектакли кои се случувале на улиците од Париз. Според изјавите на Олгица, на Модната недела во Париз претставени шаренило од стилови: од минималистички до креативни. Настанот бил организациски беспрекорно реализиран, како што му доликува на настан кој е посетен од светската модна елита.

„Посетив неколку showrooms каде што можеше да се види вистинска продажба на дизајнерски парчиња и свесност за почит и третирање на дизајнерско парче и работата на еден дизајнер. Музејот за уметност и текстил исто така е одлично, фантастично место за црпење на инспирација… модата претставена низ историјата, до ден денес… изложени беа парчиња облека кои беа направени пред 100 години кои дишеа со толкава свежина што како денес дека се создадени.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар