Од најголем асортиман на органска храна, до сегмент за нега и убавина – што сè можете да пронајдете во dm дрогериите?

Од најголем асортиман на органска храна, до сегмент за нега и убавина – што сè можете да пронајдете во dm дрогериите?

Датум: 21 сеп 2021
Тагови:

Со асортиман кој брои повеќе од 13.500 производи, dm дрогериите се познати по тоа што во нив може да се купи сè на едно место, започнувајќи од сегментот на нега и убавина, природна козметика, органска храна, лична хигиена, па сè до производи за домаќинство и нега на бебиња.

Потрошувачите може да ги пронајдат своите омилени производи од dm, дури во 20 дрогерии во нашата земја.

Идентичен квалитет на производите во сите земји

Покрај тоа што располагаат со широка палета на производи во секој поединечен асортиман, dm е е еден од најголемите понудувачи на приватни трговски марки на пазарот во нашата земја, со речиси 4.000 производи. Добропознатите dm брендови: Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и други, гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои компанијата работи. Оваа година, компанијата ги одбележи јубилеите на најпрепознатливите линии на приватни трговски марки. Брендот Denkmit кој ги освојува домаќинствата во нашата земја од 2012 година, кога компанијата dm drogerie markt пристигна во нашата земја, го прослави 30. роденден, додека познатата марка Balea која пружа комплетна нега од глава до пети, прослави 35 години постоење.

За органска храна и додатоци во исхрана за целото семејство

Приватната марка dmBio е уште еден заштитен знак на компанијата и претставува бренд со најширок асортиман на органска храна на нашиот пазар, кој на купувачите им е достапен по пристапни цени во сите dm дрогерии во земјата. Со речиси 400 производи од органско потекло, dmBio ви овозможува секој оброк да го збогатите со хранливи состојки – органски житарки, намази, јаткасти плодови, грицки, различни тестенини, зачини, сосови, масла или јадења за брза подготовка.

Покрај тоа, на полиците во dm дрогериите се наоѓа богат избор на протеинска програма и производи за зајакнување на имунитетот кои на вашиот организам ќе му пружат идеален баланс и енергија.

Сè за вашата нега и убавина

Времето на универзалните креми за нега на лице, сега е минато. Со други зборови, нашата кожа бара покомплексна нега, а фокусот е сè повеќе врз состојките и квалитетот на производите. Затоа dm дрогериите нудат голем број на нови брендови, хибридни и повеќенаменски производи, природна и органска козметика. Во dm дрогериите може да пронајдете преку 30 ексклузивни брендови меѓу кои можат да се издвојат  Q&A, MBeauty, It’s skin, Baylis&Harding, Creightons, а секогаш можете и да се информирате за новостите од областа на негата на лице. Исто така, богатиот асортиман на шминки е крунисан со производи на база на природни состојки кои ќе одговорат на потребите на потрошувачите кои настојуваат на својата кожа да ѝ пружат најдобар третман.

Сè за вашето дете

Адаптирани млечни формули за секоја возраст, храна за бебиња, флашички, цуцли, производи за нега и хигиена, се само дел од асортиманот поради кој токму ова катче е чест избор на родителите. Тука е и големиот избор на различни марки и видови на пелени со најдобар квалитет, влажни марамици, бебешки пудри, платнени и пелени за пливање. Врвните производи од квалитетни марки, како што се babylove, Hipp, Becutan, Pampers, ќе ги освојат родителите и нивните малечки уште од првиот ден.

Сè за вашиот дом – асортиман со кој ќе го засакате чистењето

Брендот со долга традиција и ,,главната ѕвезда’’ за чистење од dm дрогериите, Denkmit, опфаќа производи за перење и нега на алишта и отстранување на дамки, специјални средства за чистење на домаќинството, иновативни освежувачи за простории и фрижидер, како и парфеми за алишта. Овој симбол за високоефикасни средства за перење, чистење и бришење, покрај многу поволните цени, го карактеризираат и највисоките стандарди за производство. Покрај тоа, реномираните марки кои може да ги пронајдете во dm дрогериите, како што се Cillit Bang, Frosch, Cif и многу други, ќе ви овозможат да ги засакате домашните активности, па дури и чистењето на најпроблематичните предели во вашето домаќинство.

Компанијата dm drogerie markt ќе продолжи да го развива целокупниот асортиман, водена секогаш со истата цел – да одговори на потребите на потрошувачите и секојдневно дрогериите да ги прави уште подобро место за пазарување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар