Новогодишен музички концерт во Веро Центарот
Празнична атмосфера за сите посетители во следните неколку дена
За најубавите и највеселите празници во годината Веро-центарот подготвува програма која ќе ги анимира потрошувачите во периодот од 27 до 29 декември.
На 27 декември со почеток во 18 часот најавен е голем новогодишен концерт со најзвучните имиња на македонското музичко небо; преубавата Дани Димитровска, музичката икона Бени Шакири, егзотичната Кристина Арнаудова и шармантните Eye Cue.
Попладневните часови во Веро-центарот ќе бидат резервирани за анимирање на децата со организирање на креативни работилници каде ќе можат да ги научат вештините на изработка на фигури од балони, потоа промоција на книги од „Просветно дело“ со кои ќе ги збогатите празниците и ќе поминете убави мигови со добра книга.
„Потрошувачите веќе знаат дека Веро-центарот ја нуди најраскошната празнична атмосфера и е најзабавното место за пазарување, особено за празниците. Но потрошувачите исто така знаат дека на нашите забави, настани и концерти секогаш ја имаа онаа неверојатна магија и енергија што долго се памети, затоа и за оваа Нова година посакавме да им припремиме незаборавни моменти, особено на најмладите, бидејќи веруваме дека тие најмногу се радуваат на магијата на новогодишните празници“, изјави Г-дин Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.
Како што вели организаторот, цената на влезницата е една голема насмевка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.