Нови производи на Еуцерин за хиперчувствителна кожа

Нови производи на Еуцерин за хиперчувствителна кожа

Новиот Eucerin® за хиперсензитивна кожа ефикасно и моментално ја регулира чувствителноста директно од самиот извор

Новиот Eucerin® за хиперчувствителна кожа ја смирува изиритиранaта кожа директно од изворот на хипeрактивноста. Таа е достапна во две линии: Ултрасензитив и Против црвенило. Двете иновативни и чисти формули содржат SymSitive, активна состојка која е специјално креирана за хиперчувствителната кожа. Резултатот е: кожата веднаш се ослободува и смирува од симптомите на хиперчувствителност како што е јадежот и вжареноста, давајќи и долготрајна заштита против бурните реакции.

0-novi-proizvodi-na-eucerin-za-hiperchuvstvitelna-kozha-kafepauza.mk

Оние кои се соочуваат со јадеж, вжареност и црвенило на кожата, добро го знаат непријатното чувство предизвикано од хиперчувствителната кожа. Епидемиолошките студии известуваат дека бројот на пациентите кои се изјасниле дека страдаат од хиперсензитивна кожа станува се поголем. Овој број е во постојан подем.

„Иако голем број на луѓе веќе страдаат од хиперсензитивна кожа, постои тенденција оваа бројка да се зголемува. Причините за ова се обично аеро-загаденоста и алергиските реакции“, вели др. Гита Нојфанг, која го води истражувачкиот тим на Eucerin во рамките на Beiersdorf.

Општо земено, ослабената кожна бариера и зголемената чувствителност е карактеристична за хиперчувствителната кожа. И двете состојби заеднички се надополнуваат и ги засилуваат непријатностите: тие ја прават кожата уште поподложна на сензорски иритации и прават нервите на површинскиот слој да бидат буквално хиперчувствителни. Резултатот е непријатно чувство на кожата која се вцрвенува и воспалува. Ова најмногу се должи на зголеменото ниво на стрес на преосетливата кожа предизвикан од внатрешни и надворешни дразби како што се наглите промени на климата, интензивните емоции, мириси или одредени производи за чистење.

„Сепак, преосетливата кожа не треба да биде товар – кога користиме соодветна козметика за нега на кожата симптомите може да се смират“, објаснува д-р Гита Нојфанг. „Посебната, активна нега за кожата наменета за потребите на преосетлив тип на кожа може да резултира со зголемување на удобноста на кожата и намалување на црвенилото. Токму затоа ја развивме новата Eucerin® колекција за преосетлива кожа, која ги смирува бурните реакции во рамките на горниот слој на кожата директно од изворот“, додаде таа.

1-novi-proizvodi-na-eucerin-za-hiperchuvstvitelna-kozha-kafepauza.mk

Eucerin ултрасензитив, е совршен сојузник за оние кои страдаат од преосетлива кожа на лицето, со придружните симптоми како што се печење и воспаление. Производот ја содржи активната состојка SymSitive, која е специјално создадена за потребите на преосетливата кожа и има моќ веднаш да ја смири. Како резултат на тоа, иновативната и чиста формула ја зголемува чувствителноста и толеранцијата на кожата, обезбедувајќи и инстант и долготрајно ослободување од непријатното чувство на печење. Кога се користи редовно во текот на еден период, производот ја оптимизира самозаштитата на кожата, па дури и ја зајакнува кожата од нетолеранција и хиперчувствителност.

Eucerin® AntiREDNESS е совршен избор за пациентите кои страдаат од преосетлива кожа и во исто време од црвенило, односно розацеа и couperose.

„Како додаток на основната состојка SymSitive, Eucerin® AntiREDNESS го вклучува и Licochalcone А, активна компонента на Glycyrrhiza Inflata корен екстракт кој ефикасно го намалува црвенилото и го смирува воспалението“, објаснува д-р Гита Нојфанг.

Додека за оние кои не само што имаат потреба да се ослободат од непријатното чувство на кожата, туку сакаат да го покријат црвенилото на кожата постои Eucerin AntiREDNESS Concealing Day Care. Заедно со двете активни состојки, кремот содржи и зелени пигменти – за инстантно изедначување на тенот. Со цел да се минимизира стресот на преосетливата кожа и ризикот од нетолерантност, експертите на Баерсдорф создадоа ефикасна и чиста формула која е ослободена од парфеми, конзерванси, парабени, парафини и алкохол, а кај AntiREDNESS Concealing Day Care исто така од вештачки бои и емулгатори.

„Со цел да се заштити формулата од загадување и оксидација, ние го користиме специјалното пакување кое не дозволува воздухот да навлезе. Таа се состои од безвоздушниот начин на користење, каде во пакувањето не влегува воздух, постои само-затворање, кое овозможува чиста и ефикасна грижа за преосетливата кожа“, додаде таа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар