Нова шопинг дестинација во Скопје: LC Waikiki ја отвори својата 4-та продавница во Македонија

Нова шопинг дестинација во Скопје: LC Waikiki ја отвори својата 4-та продавница во Македонија

Водечкиот моден и малопродажен бренд LC Waikiki ја отвори својата 4-та продавница во Македонија. LC Waikiki, има цел да биде еден од најуспешните модни брендови во Европа во 2023 година, проширувајќи ги своите инвестиции за 25% на интернационалните пазари, од влегувањето во 2009 година.

1-nova-shoping-destinacija-vo-skopje-lc-waikiki-ja-otvori-svojata-4-ta-prodavnica-vo-makedonija-kafepauza.mk 2-nova-shoping-destinacija-vo-skopje-lc-waikiki-ja-otvori-svojata-4-ta-prodavnica-vo-makedonija-kafepauza.mk

Турскиот малопродажен лидер, LC Waikiki денес ги отвори вратите на својата 4-та продавница во Македонија која ќе биде сместена на првиот спрат на трговскиот центар Рамстор. Новата продавница ќе се простира на површина од 1154 м2 и ќе има три оддела со модни колекции наменети за мажи, жени и деца/бебиња, со други зборови ова ќе биде место каде целото семејство ќе може да го пронајде својот стил што е во функција на бренд филозофијата „Секој заслужува да биде убаво облечен“.

Отворањето е одговор на интересот на македонските потрошувачи, кои ги сакаат LC Waikiki производите поради високиот квалитет, модерната линија која ги следи трендовите, и пред се поради ценовната достапност. Продавниците ги карактеризира пријатна и топла атмосфера, можност потрошувачите едноставно и брзо да го најдат она што им е потребно.

3-nova-shoping-destinacija-vo-skopje-lc-waikiki-ja-otvori-svojata-4-ta-prodavnica-vo-makedonija-kafepauza.mk 4-nova-shoping-destinacija-vo-skopje-lc-waikiki-ja-otvori-svojata-4-ta-prodavnica-vo-makedonija-kafepauza.mk

Новоотвoрената продавница во Рамстор е инвестиција од околу 1.5 милиони долари и во неа ќе бидат вработени 34 лица. Со отворањето на новата продавница во Рамстор вкупниот број на отворени LC Waikiki продавници ќе го надмине бројот од 500, од кои 130 се надвор од Турција. Продавницата во Скопје ќе биде уште еден чекор понапред во реализацијата на таргет приходите кои ги има брендот, а тоа е остварување на 10 билиони долари до крајот на 2023 година.

Yenal Gökyıldırım, генерален директор за продажба на LC Waikiki изјави:

„Работиме во Турција под капата на LC Waikiki – Малопродажба, трговија и услуги уште од 1997 година. Првата странска инвестиција ја реализиравме во Романија во 2009 година, веднаш по брзиот раст во Турција и заземањето на лидерската улога во овој сектор. Сега, со големо задоволство ја отвораме нашата 4-та продавница во Македонија со што стануваме достапни во 23 земји и тоа за многу краток временски период од 6 години. Како LC Waikiki; имаме доверба и веруваме во македонскиот пазар. Ние ќе продолжиме да растеме во Македонија и на Балканот. Го споделуваме нашиот малопродажен бизнис, знаењето за модата и искуствата и на македонскиот пазар, и сакаме да придонесеме за економски раст и развој на модната малопродажба.

Yenal Gökyıldırım ги даде своите впечатоци за конзистентниот раст на LC Waikiki во странство и го изрази своето верување:

„Балканот е од големо значење за Турција, како врата за отворање на Турција кон Западна Европа, истовремено зацврстувајќи ги културните и хуманистички врски. Ние, како LC Waikiki, ќе продолжиме да ги шириме странските инвестиции на Балканот и во различни региони на светот, со цел да бидеме еден од глобалните брендови со сила која ја црпиме од нашите вредности. Нашата цел е да се направи промет во вредност од 4 милијарди долари во Турција и 6 милијарди долари во странство.“

Yenal Gökyıldırım, изјави дека имаат за цел да го пренесат нивниот успех во малопродажниот сектор од Турција на странските пазари посебно обрнувајќи внимание дека LC Waikiki вработува 25,500 лица од различни култури во 387 продавници во Турција и 130 продавници во странство.

5-nova-shoping-destinacija-vo-skopje-lc-waikiki-ja-otvori-svojata-4-ta-prodavnica-vo-makedonija-kafepauza.mk 6-nova-shoping-destinacija-vo-skopje-lc-waikiki-ja-otvori-svojata-4-ta-prodavnica-vo-makedonija-kafepauza.mk

Gökyıldırım објасни:

„Ние, како LC Waikiki, ги спроведуваме нашите активности и визија, со цел да ги оствариме нашите таргети за 2023 година, година која е особено важна за нас, бидејќи се совпаѓа со 100 годишнината од основањето на Турската Република. Наша цел е да постигнеме промет во вредност од 4 милијарди долари на домашниот и 6 милијарди долари во странство, остварувајќи ја нашата визија да бидеме глобален бренд во 2023 година.“

Раст од 45% во земјите на Балканот

Yenal Gökyıldırım, генерален директор за продажба на LC Waikiki изјави дека се инвестираат приближно 1,5 милијарди УСД за секоја нова продавница во странство:

„LC Waikiki со отворањето на новата продавница во Македонија ја отвора својата 38 продавница на Балканот. Нашиот бренд инвестира на балканот, и до денес имаме 12 продавници во Романија, 10 во Бугарија, 4 во Албанија, 4 во Македонија, 4 во Косово и 4 во Босна и Херцеговина. Остваривме и раст од 45% во земјите на балканот, а имаме отприлика 3500 вработени во нашите продавници надвор од Турција. Имаме статус на лидер на пазарите во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија и Бугарија. А како следни инвестиции размислуваме за пазарите во Молдавија и Црна Гора.“

За LC Waikiki

Основан во Франција во 1985 година, LC Waikiki е купен од сегашниот сопственик Mağazacılık Hizmetleri Ticaret A.Ş. во 1997 година. Облекувајќи ги луѓето во Турција под филозофијата на брендот дека „Секој заслужува да биде убаво облечен“ со мисија да се промовира чувството на „достапна мода“, LC Waikiki стана пример за другите во малопродажбата остварувајќи континуиран раст веќе 18 години по ред, на домашниот и интернационалниот пазар. LC Waikiki започна со инвестиции надвор од Турција во 2009 година, со отворање на прва продавница во Романија. Денес има 387 продавници во 37 провинции во Турција и 517 продавници во 23 земји низ светот.

Во Македонија LC Waikiki работи во 4 продавници, од кои 3 се во Скопје, 1 продавница во Тетово.

7-nova-shoping-destinacija-vo-skopje-lc-waikiki-ja-otvori-svojata-4-ta-prodavnica-vo-makedonija-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар