Нова празнична понуда за остварување на сите желби

Нова празнична понуда за остварување на сите желби

  • 20 GB мобилен интернет за корисниците на Magenta 1 M и Smart M тарифните модели
  • Осигурување смартфон за само 1 денар, за опуштена и безгрижна комуникација

Нова празнична понуда за остварување на сите желби

Во пресрет на Новогодишните празници, Македонски Телеком го збогати Magenta 1 и Smart портфолиото со нови поволности за целото семејство, овозможувајќи им на корисниците остварување на своите желби за нови уреди и побогата комуникација со своите најблиски. Специјално за празниците, корисниците на Magenta 1 M и Smart M тарифните модели добиваат промотивни 20 GB мобилен интернет, како и 16.000 денари празничен бонус за купување уреди за две М линии. Промотивен интернет сообраќај добиваат и останатите Smart и Мagenta 1 тарифи. Дополнително, корисниците можат да уживаат во најдобрата дигитална телевизија MaxTV, најстабилниот интернет за дома и два постпејд броја со неограничени разговори.

За уште подобро корисничко искуство, новата празнична понуда на Телеком вклучува и осигурување смартфон за само 1 денар, со што на корисниците им се овозможува опуштена и безгрижна комуникација. Промотивното осигурување важи за период од 2 години и се однесува за секој нов телефон купен со Доверба 24 или договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1 M и Magenta 1 L тарифите. Осигурувањето се активира преку Телеком МК апликацијата, најдоцна пет дена од купување на телефонот.

Со промотивниот бонус од 16.000 денари за две линии во Magenta 1 M со договор за Фамилијарен буџет, корисниците имаат голема понуда на уреди и ќе можат да набават смартфони по одлични празнични цени, почнувајќи од 1 денар. Овие празници, покрај понудата на телефони, корисниците можат да се подноват и со нов телевизор по промотивна цена и да добијат прочистувач за воздух.

„Интернетот и технологијата се движечката сила во динамичното секојдневие, а нивната употреба се зголемува од ден на ден. Затоа, при креирањето на понудите секогаш се трудиме Телеком корисниците да добијат повеќе вредност од нашите услуги. Во новата празнична понуда, покрај двојниот интернет сообраќај и уреди по промотивни цени, сега вклучуваме и осигурување на сите нови смартфони во текот на цели 24 месеци. Исто така, преку Телеком МК апликацијата на едноставен начин сите наши постпејд корисници можат да активираат 10 GB интернет месечно, а ТВ корисниците да активираат HBO и Sport HD пакет бесплатно“, вели Бранко Станчев, главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

Празничната Телеком понуда е најдобриот посакуван семеен подарок кој ги остварува сите комуникациски потреби и желби на семејството, коишто за време на празничните денови ќе можат заедно да уживаат и да споделуваат мигови вредни за паметење. Промотивната понуда е ограничена, а повеќе детали можат да се најдат на www.telekom.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар