Нова линија за нега на многу чувствителна кожа: Eucerin HyperSensitive

Нова линија за нега на многу чувствителна кожа: Eucerin HyperSensitive

Пред поголем број на медиуми и доктори дерматолози презентација за правилната нега на чувствителната кожа одржи д-р Соња Петрушеска специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин. Таа истакна дека податоците од бројните истражувања покажуваат дека дури 50-70% од луѓето ширум светот имаат чувствителна или многу чувствителна кожа. Проблемите со кои се соочуваат се симптоми како пецкање или печење на кожата, јадеж, па се до состојбите како купероза и розацеа.

1-nova-linija-za-nega-na-mnogu-chuvstvitelna-kozha-eucerin-hypersensitive-kafepauza.mk

Научниците од Баерсдорф активно ги следат потребите за нега на кожата на современите луѓе и овој пат им излегоа во пресрет со новата линија за нега на многу чувствителна кожа: Eucerin HyperSensitive.

Колекцијата се состои од лосион за миење на лицето, потоа смирувачки крем за нормална до комбинирана чувствителна кожа и смирувачки крем за сува чувствителна кожа.

„Сепак, преосетливата кожа не треба да биде товар – кога користиме соодветна козметика за нега на кожата симптомите може да се смират“, истакна д-р Соња.

2-nova-linija-za-nega-na-mnogu-chuvstvitelna-kozha-eucerin-hypersensitive-kafepauza.mkЕуцерин UltraSENSITIVE е совршен сојузник за оние кои страдаат од преосетлива кожа на лицето, со придружните симптоми како што се печење и воспаление. Производот ја содржи активната состојка SymSitive, која е специјално создадена за потребите на преосетливата кожа и има моќ веднаш да ја смири. Кога се користи редовно во текот на еден период, производот ја оптимизира самозаштитата на кожата, па дури и ја зајакнува кожата од нетолеранција и хиперчувствителност. Eucerin® AntiREDNESS е со SPF25 и UVA заштита и е совршен избор за пациентите кои страдаат од преосетлива кожа и во исто време од црвенило, односно розацеа. Како додаток на основната состојка SymSitive, Eucerin® AntiREDNESS содржи и Глицирхетинска киселина, растителен Ликохалкон А и хидратирачки глицерин кои ефективно и брзо ја смируваат вцрвенетата кожа. Заедно со овие активни состојки, производот содржи и зелени пигменти – кои инстанто го покриваат црвенилото и го изедначуваат тенот. Овие производи се ослободени од конзерванси, парабени, парафини, алкохол, мириси, додатоци за боја и емулгатори.

3-nova-linija-za-nega-na-mnogu-chuvstvitelna-kozha-eucerin-hypersensitive-kafepauza.mk

Колекцијата се состои од лосион за миење на лицето, потоа смирувачки крем за нормална до комбинирана чувствителна кожа и смирувачки крем за сува чувствителна кожа.

4-nova-linija-za-nega-na-mnogu-chuvstvitelna-kozha-eucerin-hypersensitive-kafepauza.mk

Основно е да се избегнуваат факторите кои доведуваат до појава и влошување на ваквите промени на кожата. Во однос на негата, важно е да не се користат класични сапуни, туку препарати од типот на нежни млечни емулзии за измивање, миењето да е со млака вода, бришењето да е со мека фротирска крпа со тапкање. Во однос на негата на кожата после бањање, неопходна е добра хидратација и соодветен крем за нега во зависност од проблемот и типот на кожата на лицето и на крај за сите кои користат пудра советувам таа да е од оние кои полесно се отстрануваат, а шминката да не е водоотпорна.

До колку ова се практикува, а сè уште има проблем, потребно е да се направи дерматолошки преглед за до колку може да се открие причината и во зависност од тоа ако е потребно да се вклучи и класичен лек во терапијата, дополнително советуваше д-р Доневска.

Кожата е огледало на здравјето, и токму затоа треба постојано да се грижиме за неа!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар